Групно крстарење со COSTA SMERALDA
Западен Медитеран
Термин: 24.04.2025-02.05.2025
- ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
- Бродот Коста Смералда припаѓа на бродовите од класата Excellence и е изграден во 2019 година во бродоградилиштето Мејер Турку во Финска, со цена на изградба од околу 900 милиони евра. Коста Смералда моментално е најголемиот брод што плови во компанијата Коста и е вториот брод во светот кој целосно се напојува со течен нафтен гас (ЛНГ). Бродот е долг 337 метри, широк 42 метри, со бруто тонажа од 185.000 и максимална брзина од 22 јазли. Бродот има вкупно 19 палуби, од кои 16 се достапни за патниците, со околу 2.600 кабини и капацитет од околу 5.500 патници за кои се грижи екипаж од околу 1.650 членови. При украсувањето на внатрешноста на бродот, дизајнерите биле инспирирани од островот Сардинија и нејзиниот познат смарагден брег.
Коста Смералда нуди многу погодности достапни за патниците: централно подрачје, ресторани, базени, џакузи, теретана, спортски терени за кошарка и одбојка, спа… За најмладите има посебен простор само за играње и забава. Театарот Санремо на две нивоа, тинејџерски салон, салон, диско, казино Лагуна, барови и салони, пури бар ќе се погрижат секој момент од крстарењето да биде интересен.
Крстарете по Западен Медитеран и посетете ги Џенова, Марсеј, Барцелона,, Каљари, Неапол, Рим,со организирано повратно авионско патување, сите трансфери, ноќевање во Рим , претставник , 8-дневно крстарење и пристанишни такси веќе од
- Маршута за крстарење: Чивитавекија (Рим) ,Џенова (Италија) Марсеј (Франција) Барселона(Шпанија), Ден на отворено море , Каљари(Сардинија ) Италија, Наполи, Чивитавекија (Рим) Италија
- Појдовна точка: Чивитавекија (Рим)
- Крајна точка Чивитавекија (Рим)
- Брод: Costa SMERALDA – 5
- Датуми на поаѓање: 24.04.2025
-
Ден Пристаниште Пристигнување Поаѓање 1 Чивитавекиа (Рим)Италија – 19:00 2 Џенова Италија 08:30 18:00 3 Марсеј, Франција 09:00 18:00 4 Барселона (Шпанија) 08:00 18:00 5 40.4 N, 003.2 E – Balearic sea 23:30 00:30 5 Ден на море – – 6 Каљари(Сардинија) Италија 07:00 16:30 7 Наполи Италија 10:00 20:00 8 Чивитавекиа (Рим)Италија 08:00 – ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ 1 Скопје-Рим Собир на групата на аеродромот во Скопје во 02:20 часот на шалтер на Austrian Airlines на релација Скопје-Виена-Рим.По слетувањето и завршените гранични формалности, следува трансфер до пристаништето и качување на бродот Costa Smeralda. По завршување на формалностите за качување и сместување во кабините, можете да вечерате во ресторанот.
2 Џенова Џенова е едно од најважните пристаништа на Медитеранот, а не само на Италија. Традицијата на навигација по Медитеранот овде е стара илјадници години, а превозот и трговијата се вткаени во секое место и зграда на овој прекрасен град. Лантерна, односно светилникот висок 117 метри и катедралата Свети Лоренс се препознатливи симболи на Џенова, потоа тука се аквариумот, Дуждовата палата и плоштадот Ферари со прекрасната фонтана и операта Карло Феличе. Недалеку од Џенова се наоѓа Портофино, најшармантниот град на лигурската ривиера.
3 Марсеј Франција Марсеј е вториот по големина град во Франција и едно од најважните пристаништа на Средоземното море .Често се опишува со епитетот Врата на Ориентот заради бројната афричка и блискоисточна популација.Тоа е град на големи етнички и верски разлики кои меѓусебно се испреплетуваат па ќе се почувствивате дека се наоѓате на раскрсница помеѓу Европа Африка и Азија .Погледот на градот од ридот на кој се наоѓа катедралата Notre Dame de la Grande е спектакуларен. Со еден поглед можете да опфатите историја стара 26 века со неверојатното плаво море и небо .Централните улици на градот и старото пристаниште неодамна се реновирани и сега сјаат во полн сјај.
4 Барселона Шпанија Главниот град на шпанскиот автономен регион Каталонија е еден од најпосетуваните градови на Медитеранот .Неодоливата привлечност на Гаудиевите архитектонски дела сеуште не е надмината .Sagrada Familia , Casa mila I Casa Bastio мора да се посетат а гужвата и метежот на Ramblasa I Gotskiot kvart треба да се доживеат .Посебната атмосфера на градот ќе се вреже засекогаш во вашето срце и паметење .
Балеарско море
Во текот на пловењето на отворено море и темната ноќ на Средоземното море ќе се покаже неверојатното небо исполнето со ѕвезди .Офицерите ќе ве водатт низ созвездијата и подобо ќе ги запознаете галаксиите и ѕвездите кои можат да се видат на небото ноќе над Медитеранот
5 Ден на отворено море Бродот Коста Смералда припаѓа на бродовите од класата Excellence и е изграден во 2019 година во бродоградилиштето Мејер Турку во Финска, со цена на изградба од околу 900 милиони евра. Коста Смералда моментално е најголемиот брод што плови во компанијата Коста и е вториот брод во светот кој целосно се напојува со течен нафтен гас (ЛНГ). Бродот е долг 337 метри, широк 42 метри, со бруто тонажа од 185.000 тони и максимална брзина од 22 јазли. Бродот има вкупно 19 палуби, од кои 16 се достапни за патниците, со околу 2.600 кабини и капацитет од околу 5.500 патници за кои се грижи екипаж од околу 1.650 членови. При украсувањето на внатрешноста на бродот, дизајнерите биле инспирирани од островот Сардинија и неговиот познат смарагд брег. Коста Смералда нуди многу содржини на располагање на патниците: централно подрачје, ресторани, базени, џакузи, теретана, спортски терени за кошарка и одбојка, спа… За најмладите има посебен простор само за играње и забава. Театарот Санремо на две нивоа, тинејџерски салон, салон, диско, казино Лагуна, барови и салони, пури бар ќе се погрижат секој момент од крстарењето да биде интересен.
6 Кањари(Сардинија) , Италија Сардинија е вториот најголем остров на Медитеранот ,а Кањари е главен и најголем град на овај автономен остров .Потеклото на името на овој град е од сардинискиот јазик и зборот Casteddu , што во превод значи замок.Од градските знаменитости се издвојуваат , некрополите од времето на Картагена,Римскиот амфитеатар ,ранохристијанската базилика Катедралата,средновековниот дел на градот Castelo … Сардинија е позната по одличните вина и по сирењето Пекорино.За разлика од Сицилија и југот на Апениснскиот полуостров, овој остров има повисок животен стандард и може да се сподери со северот на Италија .
7 Наполи , Италија Наполи е еден од најстарите градови на Медитеранот, сместен во подножјето на заспаната планина Везув. Основана е од античките Грци во 9 век п.н.е и ја нарекле Партенопа, а во 6 век п.н.е го добил сегашното име Неаполис, односно „Нов град“. Мирисот на пица од рерната на дрва се чувствува на секој чекор, пицата Маргерита е создадена во Неапол и таму е отворена првата пицерија. Јужниот шарм и карактер на овој град е невозможно да не се забележи..
8 Рим ,Италија По појадок, слегување/одјавување од бродот и следува трансфер до хотел во Рим.Вечниот град е вечна инспирација за сите патници кои имале среќа да одат на аџилак во овој град со име кое е темел на нашата цивилизација – Рим. Римските форуми беа центарот на политичкиот, верскиот, трговскиот и секој друг живот на антички Рим. Brdasce Campidoglio и денес се смета за центар на градот и таму се наоѓа Palazzio Senatorio, односно палатата која е официјалното работно место на градоначалникот на Рим. Пјаца Венеција и Виа дел Корсо секогаш се полни со толпи луѓе кои бараат продавници и убави ресторани, а сите патишта некако водат до Фонтаната Треви. Не заборавајте да фрлите паричка! Светлосно шоу „Светилиште на морските суштества“ (23:30-00:30 часот) Во ова уникатно шоу на бродот за време на ноќното пловење, светлината игра и ги открива фасцинантните тајни на морскиот свет и неговите големи суштества, делфини и китови.
9 Рим- Виена-Скопје По појадок, се одјавуваме од хотелот во Рим и следува трансфер до аердромот Фиумичино РИМ. Летот на Austrian Airlines на релација Рим- Виена-Скопје со очекувано време на полетување во 14:50 часот и слетување во 22:15 часот на аеродромот во Скопје .
- Крај на патувањето.
ПАКЕТНА ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ
ВНАТрешНА КАБИНА 1399€
ПРОЗОРСКА КАБИНА 1599€
БАЛКОНСКА КАБИНА 1699€
- Деца до 18г, во кабина со двајца возрасни – 899€
- Доплата за 3/4 лице во кабина со 2 возрасни -на барање-999€
- *Цените на крстарењето се загарантирани и потврдени од нашиот тим.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Повратен авионски билет на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси (дозволена тежина на багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж и е со 1 преместување)
- Сите трансфери аеродром – пристаниште – хотел – аеродром
- Разглед на Рим
- Ноќевање со појадок во хотел со 3* во Рим
- Туристички претставник на наш јазик за време на целото патување и крстарење
- 8-дневно крстарење со Costa Smeralda (кабини на бродот со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен, крпи), полн пансион со различни јадења, вода од чешма, кафе, чај, закуски, гала вечера, тематски вечери , базени, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар, разни дневни активности, услуга за утовар и истовар на личен багаж
- Пристанишни такси во износ од 180 €
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Индивидуални трошоци
- Факултативни екскурзии (Марсеј, Барселона, Каљари, Неапол ,Рим ,Џенова,)
- Лична потрошувачка (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во бар/ресторан, перална, третмани за здравје и убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)
- Задолжителна полиса за здравствено осигурување за патување
- Трошоци за издавање виза (доколку е потребно)
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА НА БРОДОТ::
- Бакшишите за персоналот на бродот се задолжителни и се плаќаат на бродот: 77 евра по лице за целото крстарење и 38,50 евра за деца на возраст од 4 до 14 години (сопственикот на бродот може последователно да го промени износот на бакшишот.)
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
- Цените се изразени во странска валута (ЕУР), а плаќањето се врши во денарска противвредност по курс од 62,00 мкд.
- При пријавување и склучување договор за патување потребно е да се уплатат 30% од вкупната вредност на аранжманот, а остатокот најдоцна 30 дена пред поаѓање. Плаќањето може да се врши со готовина, уплата на сметка на агенцијата.За плаќања од странство даваме инструкции за плаќање.
БЕЛЕШКИ:
- Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со прописите на Costa Cruises.
- Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење и други промени поради непредвидени меѓународни околности прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени околности.
- ЗУЛУ ТРАВЕЛ не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни визи за ова патување, како и одговорност доколку дипломатското конзуларно претставништво одбие да издаде виза или ако имиграција
- одделот на странската држава на учесникот на патувањето не му дозволува влез во земјата.
- За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.
- коу