Врњачка Бања Хотел Zepter 4* 07.12-09.12.2024

октомври 19, 2024

8 Декември
ZEPTER HOTEL **** ВРЊАЧКА БАЊА

На местото на некогашниот стар хотел Звезда, на централниот дел на шеталиштето и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа прекрасниот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања. Хотелот е уникатен спој на стара и нова градба.
Хотелот Цептер располага со 96 лукс соби, 18 делукс соби и 4 делукс апартмани. На своите гости им нуди најразлични капацитети: два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), Zepresso Aperitif бар, Летна тераса со поглед на шеталиштето во рамките на ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци.
Од спортските објекти најатрактивен е затворениот базен (комплетно реновиран) со термоминерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворен во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.

07.12.2023 (сабота) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај СЦ Борис Трајковски во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина…слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

08.12.2023 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Врњачка Бања. Време предвидено за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

09.12.2023 (понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот – 155 евра ( 9.600,00)ден.

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.

Во понудата е вклучено

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Zepter 4* во центарот на Врњачка Бања
– Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар (затворен базен со минерална вода, џакузи, сауна, фитнес центар и теретана)
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Во понудата не е вклучено

– Задолжително патничко и здравствено осигурвање
– доплата за вечера 15 евра по лице од ноќ
– Доплата за туристичка такса 250ден вкупно за 2 ноќи (доплата во агенција)
– Доплата за еднокреветна соба

Попусти и Доплати

– едено дете до 7 години со двајца ГРАТИС доплата за превоз 35евра

Реализација на понудата или откажување

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Зулу Травел

ска