Сицилија 14.05-21.05.2025

февруари 10, 2025

Сицилија 14.05-21.05.2025

Сицилија е најголем остров во Медитеранот кој географски и припаѓа на Италија, но, во културолошка смисла е земја сама за себе, со единствена традиција, кујна и неповторлив ритам на уживање. Сицилија – магичниот остров, чиј брег го заплискуваат водите на Јонското, Тиренското и Средоземното море, е богата со траги од древните цивилизации, остатоци од вулканските активности, разновидна природа, прекрасни плажи, насади со винови лози и сликовити гратчиња. Сицилија е медитерански свет во мало, со старогрчко, староримско, византијско и шпанскo наследство, а, се смета за најголем музеј на отворено.

Традиционално, од 16 до 20 Мај, во гратчето Ното се одржува единствениот фестивал на цвеќето – Infiorata. Уметниците користејќи разнобојни латици од специјални видови цвеќиња, прават слики налик на мозаици.