Баскија 22. мај-27. мај.2025

февруари 10, 2025

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 6 дена / 5 ноќевања

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 999 евра (61.950 денари)

22. мај (четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – БИЛБАО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:20 часот. Полетување во 14:05 и пристигнување во Билбао во 17:25 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Попладневна/ вечерна пешачка прошетка во градот кој е успешен спој на богатото индустриско и културно наследство, еден од најинтересните градови во северна Шпанија. Ноќевање. 

23. мај (петок) БИЛБАО
Појадок. Разглед на стариот дел на градот, Мостот Сан Антон и Црквата Св. Антон, стариот кварт на брегот на реката Нервион составен од 7 улици, необарокната зграда на Театарот Ариага изградена по примерот на Операта во Париз, Новиот плоштад, Палатата Арана – најстарата Палата во Билбао, железничката станица Ла Конкордија, зградата на Градското Собрание – една од најубавите во Шпанија, Мостот Салве на познатиот валенсијански архитект Калатрава, величествениот Музеј Гугенхајм. Зградата на музејот, отворен во 1997 година и дизајниран од архитектот Френк Гери, имресионира со својата архитектура.  Ова ремек дело ја содржи најбогатата збирка на современата уметност… Ноќевање.

24. мај (сабота) БИЛБАО – ВИТОРИА ГАСТЕИЗ – ПАМПЛОНА (околу 200 км)
Појадок. Патувањето продолжува кон Виториа Гастиез, административниот центар на Баскија. Возење по живописните предели до градот со најмногу зеленило во Шпанија, по што е прогласен за Европска Престолнина со зеленило за 2012 година, а и град со најдобро зачувана средновековна архитектура во Баскија. Исклучително е интересен стариот дел опкружен со средновековни ѕидини,  Плоштадот Шпанија, тука се и бисерите на баскијската ренесансна архитектура Палатата Бендања, Палатата на седиштето на автономната влада и готската Катедрала. Патувањето продолжува за Памплона во пладневните часови. Сместување во хотелот. Памплона е позната по трката со бикови, фестивалот Сан Фермин, кој се одржува секоја година на 06 Јули и кој послужил како инспирација на славниот Хемингвеј за романот Сонцето повторно изгрева. Главните бисери на градот се Градската тврдина, која имала пентагонален облик, Плоштадот Кастиљо, Корида, Палатата Навара – седиштето на Владата, Катедралата Св. Марија во која се крунисани Кралевите на Навара… Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

25. мај (недела) ПАМПЛОНА – САН СЕБАСТИЈАН (околу 80 км)
Појадок. Патувањето продолжува кон Сан Себастијан, по зелените предели до брегот на Кантабријското Море. Сан Себастијан, Европската Престолнина на културата за 2016 година, е познато монденско летувалиште на европската аристократија, седиште на филмскиот фестивал Златна школка и светска дестинација за гурманите. Со убавината на природната положба, градот може да се спореди само со еден град на светот – со Рио де Жанеиро. Сместување во хотелот. Прошетка низ градот, лоциран помеѓу реката и заливот, град кој со своите златни, песочни плажи се спушта кон заливот Ла Конча, ограничен со ридовите – Монте Ихелдо и Монте Ургул. Можност за уживање во  погледот од ридот Игелдо кон заливот Школка, островот Санта Клара, Палатата Мирамар, театарот Викторија Еугенија, Мостот Санта Каталина, квартот Корос, новиот културен и конгресен центар Курсал  – модерна зграда од стакло на плажата Суриола. Слободно време за вкусување на најдобриот тапас со баскиско вино. Ноќевање.

26. мај (понеделник) САН СЕБАСТИЈАН – СЕН ЖАН ДЕ ЛУЗ – БИЈАРИЦ (околу 100 км)
Појадок. Препорачување факултативен излет до Бијариц. По влегувањето во француската Баскија, прошетка во познатото летувалиште Сен Жан де Луз, кое се наоѓа на брегот на Атлантикот. Во овој, некогаш рибарски град, со својот шармантен центар на стариот град и најубавата баскиска Црква посветена на Св. Јован Крстител, се одржала свадбата на Кралот на Сонцето, Луј XIV со шпанската Инфанта Марија-Тереза. Бројните летниковци и вили биле изградени со вешт спој на стилови кои ја откриваат радоста на живеењето, толку карактеристична за јужна Франција. Местото е познато и по старата фабрика за чоколади на семејството Адам, од 1660 година, каде почнале да се произведуваат макарони (колачи од бадем). Оваа продавница и денес постои на главниот плоштад каде се чува оригиналниот рецепт за колачите. Возењето продолжува покрај брегот на Баскијскиот залив до Бијариц, ексклузивното и најубавото летувалиште на францускиот атлантски брег, симбол на богатството, од почетокот на 20 Век. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

27. мај (вторник) САН СЕБАСТИЈАН – БИЛБАО – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Билбао (околу 100 км). Полетување за Истанбул во 12:05 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:15 и полетување за Скопје во 18:55. Слетување во Скопје во 19:30 часот

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 999 € (61.950,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Билбао–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
– Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
– Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
– Пет ноќевања со појадок во Хотели 4* (Две во Билбао, Едно во Памплона и Две во Сан Себастијан)
– Хотел Mercure Bilbao Jardines De Albia 4* во центарот на Билбао
– Хотел Maisonnave 4* во центарот на Памплона
– Хотел Silken Amara Plaza 4* во поширокиот центар на Сан Себастијан
– Разгледи и прошетки во градовите според програмата
– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативен излет Сен Жан де Луз и Бијариц 75 Евра
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
– Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

прикажи помалку 

 Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

 Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

  • Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Билбао–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
  • Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
  • Пет ноќевања со појадок во Хотели 4* (Две во Билбао, Едно во Памплона и Две во Сан Себастијан)
  • Хотел Mercure Bilbao Jardines De Albia 4* во центарот на Билбао
  • https://all.accor.com/hotel/A057/index.en.shtml
  • Хотел Maisonnave 4* во центарот на Памплона
  • https://www.hotelmaisonnave.es/en/
  • Хотел Silken Amara Plaza 4* во поширокиот центар на Сан Себастијан
  • https://www.hoteles-silken.com/en/hotel-amara-plaza-san-sebastian/
  • Разгледи и прошетки во градовите според програмата
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Факултативен излет Сен Жан де Луз и Бијариц 75 Евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • atl p