ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 3 ноќевањa
30.12.2026 (четврток) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
31.12.2026 (петок) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. панорамски разглед на Атина, при што ќе ги видиме најпознатите градски знаменитости – плоштадот Омонија, плоштадот Синтагма и грчкиот Парламент, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адријановата порта, Стариот Олимписки стадион и храмот на Зевс. Посебно внимание ќе посветиме на Акропол и неговото непосредно опкружување, како и на живописната населба Плака, со нејзините тесни улички, традиционални продавнички и таверни… Ќе ги доживееме и празнично украсените улици во центарот на Атина, со блескави новогодишни светилки, свечени декорации и празнични излози, а особено ќе уживаме во празничната атмосфера на улицата Ерму, една од најпознатите шопинг-улици во градот, и во впечатливата новогодишна декорација на плоштадот Синтагма, каде што традиционално се поставува големата новогодишна елка. По разгледот сместување во хотел и слободно попладне за индивидуално уживање во празничната атмосфера на градот.. Вечерта, Атина оживува во новогодишен дух. Можност за индивидуално присуство на новогодишната прослава на плоштадот Синтагма или факултативно учество на новогодишна вечера во традиционална таверна во Плака, со грчка музика, богата трпеза и празнична атмосфера. Ноќевање
01.01.2027 (петок) ОСТРОВОТ ЕГИНА – МАНАСТИР НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ
Појадок. Факултативен излет до островот Егина во Сароничкиот залив. На само 40мин од Пиреа островот Егина е еден од омилиените на Атињаните поради неговата богата историја, стариот шарм пристанишниот град од 19ти век, напуштените византиски капели, прекрасните заливи и вкусните ф’стаци. Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица … Враќање во Атина. Ноќевање.
02.01.2027 (недела) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Првиот ден од Новата година го започнуваме со факултативен излет до Пелопонез и прекрасната област Арголида – регион исполнет со историја, митови и живописни пејзажи. Нашето патување започнува со посета на Коринтскиот канал, грандиозното инженерско дело кое ги поврзува Егејското и Јонското Море. Продолжуваме кон Епидаурус, познат по својот антички театар и извонредната акустика, а потоа кон Микена, еден од најзначајните археолошки локалитети во Грција и древниот центар на микенската цивилизација, поврзан со легендите за кралот Агамемнон. Следува посета на Нафплион – романтично крајбрежно гратче со тесни улички, плоштади и препознатлива медитеранска атмосфера. По разгледите и слободното време за ручек во локална таверна, враќање во Атина. Вечерта можност за факултативна вечера во Плака, со традиционална грчка кујна и музичка програма. Ноќевање.
03.01.2027 (понеделник) АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири, нивните цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање и во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Цени на аранжманот: 220€ (13.640,00 мкд) по лице со вклучени 2 разгледи
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Посета на Метеори
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за Акропол околу 30€
– Влезници за Микена и Епидаурус, околу 20€
– Туристичка такса 5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Доплата за 1/1 соба – 66€
– Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 40€
– Островот Егина 40€
– Патничко здравствено осигуривање
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже
sa

