ВРЊАЧКА БАЊА

ВРЊАЧКА БАЊА

Врњачка Бања е повеќе од класично бањско место, таа е “КРАЛИЦА’ меѓу Српските бањски места и една од најпосетуваните туристички дестинации во Србија, Благодетите на престојот во уваа убавица препознаени се одамна, во прилог кон тоа е и фактот што после Втората Светска Војна, Врњачка Бања имала повеќе туристи од Дубровник и Блед заедно…Активен и содржаен одмор во местото овозможуваат бројни содржини : спортски, културни, забавни и богата гастрономска понуда и занимливо опкружување.

1 ДЕН (20.11.2021 – сабота) БИТОЛА – ВРЊАЧКА БАЊА Состанок на групата во 04.30 часот на Градска Автобуска Станица. Поаѓање за Србија во 05.00 часот. Денско патување, со кратки попатни одмори…патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац…Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне. Сместување во хотел. Слободно време за користење и уживање во wellness-капацитетите на овој прекрасен хотел…Вечерта – можност за организирана вечера со програма. Ноќевање.

2 ДЕН (21.11.2021 – недела) ВРЊАЧКА БАЊА – БИТОЛА Појадок. Слободно време за користење на wellness-капацитетите на хотелот до 10.00 часот, кога се одјавуваме од хотелот…можност за посета на некој од подолу наведените локалитети кои ја прават Врњачка Бања толку привлечна…поаѓање за Македонија во 16.00 часот. Пристигнување во Битола во касните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 4.190,00 денари

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација (високоподен, со аудио и видео опременост);  1 НП во хотел со 4* во Врњачка Бања; улуги во Wellness&Spa центарот; фитнес центар; сеф во соба; бесплатен WI-FI; ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Влезниците при посета на културно-историските споменици; патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице); таксата за престој во хотелот (се плаќа на лице место) – 1 €  по лице на ден; трансфер на патници (Струга, Охрид, Ресен, Кичево) – доплата од 10 € по лице; доплата (музика и пијалок) за Свечената вечера во самиот хотел –  € по лице.

Хотел ZEPTER****

На местото на поранешниот стар хотел Звезда, на централниот дел од шеталиштето „Променада“ и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа величествениот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања, хотелот е единствен спој на старо и ново. Стариот дел, од 1920 година, беше изграден директно на Променадата, главната пешачка комуникација на Врњачка Бања, покрај реката Врњачка и нејзината надворешна архитектура е законски заштитена како историски споменик, а новиот, поголем дел од хотелот е свртен кон улицата паралелно со шеталиштето, кое му дава на хотелот совршена позиција и добри пристапи од сите страни.

Хотелот Zepter има 96 лукс соби, 18 луксузни соби и 4 луксузни апартмани. На своите гости им нуди разновидни капацитети : два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), бар Zepresso Aperitif, летна тераса со поглед на шеталиштето во ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци. Од спортските објекти, најатрактивен е внатрешниот базен (целосно реновиран) со термално-минерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворена во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.

НАША ПРЕПОРАКА за посета на локалитети, за време на Вашиот престој во Врњачка Бања :

–          Црквата посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица, се наоѓа на Црквеното брдо, изградена во 1834.година.

–          Римските терми Fons Romanus, случајно пронајдени 1924.година, се наоѓаат во централниот дел на паркот.

–          Кафе-слаткарницата “Швајцарија“, со најубавото жито со шлаг.

–          Статуите на Руските скулптори, правени пред II Светска војна, поставени во Градскиот парк.

–          Кафе-бар „Савка“ – локал со угостителска традиција постара од 100 години.

–          Јапонската градина – дел од Градскиот парк посветен на Јапонската култура, претставува хармоничен склоп на живата и неживата природа.

–          Ресторанот на угостителската школа “ИСТРА“ – мосто каде учениците и професорите Ви пружаат услуги…

–          Црквеното брдо – место каде се наоѓаат 49 објекти кои се заштитени со Законот за заштита на Спомениците

–          Замокот Белимарковиќ – објект од 1988 година, место каде и до ден-денес се одвиваат разни културни збиднувања, изложби, концерти…

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

–          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

–          За ова патување не е потребен PCR тест.

–          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

–          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

–          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

За отказ на резервација важат опшите услови, односно :

– за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
– за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
– за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
– за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

 

53