Венеција 07.03-11.03.2024

јануари 7, 2024

Венеција 8 Март

Програма на патување: 
 
1.Ден 07.03.2024  (четврток) СКОПЈЕ 
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2.Ден  08.03.2024 (петок) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во претпладневните часови во Пунта Сабиони. Пловидба со брод вапорето кон Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед со локален водич кој трае околу час и половина. Ќе имате можност одблизу да ги видите:
– Мостот на Воздишките
– Дуждевата Палата (Влез со доплата)
– Црквата Св. Марко (Влез со доплата)
– Плоштадот
– Мостот Риалто
– Каналот Гранде
Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот оставаме слободно време од 4 до 5 часа за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција. Во точно прецизирано време и место се сретнуваме со пратителот на групата и повторно со брод се упатуваме кон Пунта Сабиони. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
 
3.Ден  09.03.2024 (сабота) ФИРЕНЦА 
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: Црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во  договорено време со водичот, враќање кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
4. Ден 10.03.2024 (недела) ВЕРОНА
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон ВЕРОНА. По пристичнувањето во Верона прошетката на градот на Ромео и Јулија ја правиме релаксирано со придужникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, сè до куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Дневно и ноќно возење преку  Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
 
5.Ден  11.03.2024 (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата по граници.
ПРОМО цена за резервација до 31.01.2024 – 139€/8.618ден
***со пријава на пакет екскурзии
 
Редовна цена на аранжманот 169€/10.478ден
 
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло (или околина) на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани посети според програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
– Бесплатен трансфер Велес, Неготино и Кавадарци.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување
– Разглед на Венеција и превоз со брод вапорето до Венеција – 25€ (доплата на лице место)
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 55€ (мин. 30 пријавени доплата на лице место)
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (2€ по лице од ноќ доплата на лице место)
– Влезници по културно – историските знаменитости.
Попусти и опционални доплати: 
– Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,
– Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 20€/1240мкд (мин. 2 седишта),
– Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.
Важни напомени: 
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
w