Валенсија, третиот најголем град во Шпанија, е дестинација која совршено ги спојува историјата, уметноста и модерниот живот. Лоциран на брегот на Средоземното Море, овој град е познат по прекрасните плажи, уникатната архитектура и гастрономските задоволства.
Што ја прави посебна?
- Историски центар – Истражете го старото јадро на градот, исполнето со импресивни архитектонски дела како Катедралата на Валенсија, Лонха де ла Седа (список на УНЕСКО) и Торес де Серранос.
- Град на науките и уметностите – Овој футуристички комплекс, дело на познатиот архитект Сантијаго Калатрава, е симбол на модерната Валенсија. Посетете го интерактивниот музеј, аквариумот (еден од најголемите во Европа) и планетариумот.
- Плажи – Уживајте на беспрекорните песочни плажи како Плаја де ла Малвароса и Плаја дел Кабанјал, идеални за одмор и релаксација.
- Природен парк Албуфера – Само 10 километри од градот, оваа лагуна е совршено место за љубителите на природа и мир. Не пропуштајте да го доживеете зајдисонцето на традиционален чамец.
Позната како родното место на паељата, Валенсија нуди исклучителни гастрономски искуства. Пробајте ја автентичната Паеља Валенсијана, фартонс со орчата (освежителен пијалак) и бројните морски специјалитети. Од традиционални пазари како Меркат Централ, до модерни бутици и шопинг центри, Валенсија е одлична за љубителите на шопинг. За оние кои сакаат забава, градот нуди динамичен ноќен живот со барови, дискотеки и културни настани. Со својата уникатна мешавина на култура, релаксација и авантура, Валенсија е идеална дестинација за сите – од семејства и парови до авантуристи и љубители на уметност.
Датум: | 06.03 – 09.03.2025 |
Цена: | 695 € за возрасно лице |
Во цената е вклучено: | Повратен авионски лет 23kg багаж Аеродромска такса 3 ноќи со појадок во ЕuroStars Gran Valencia 4* Трансфер од аеродром – хотел – аеродром |
Во цената не е вклучено: | Туристичка такса Факултативни излети Патничко осигурување Локален транспорт: метро или автобуски билети |
Парк во напуштеното корито на реката Турија – 9 км долг парк за прошетка.
Панорамска обиколка на 15 мостови, Парк Гуливер, Палау де ла Музика и Пуенте де лас Флорес (најубавиот мост во Валенсија).
Обиколка на Торес де Серрано и Торес де Кварт (врати на градот).
Посета на стадионот Местала и други значајни градски локации како Рузафе и Банко де Еспања.Трансфер до хотелот и слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
Обиколка на историските локалитети: Плаза де ла Вирген, Катедралата на Валенсија, Свети Грал и Судот на водите (пишен суд заштитен од UNESCO).
Посета на Базиликата де десперадос, Микалет тврдина, римски ископини и пазарот.
Пауза за дегустација на шпански јадења и пијалоци во барови во барокен стил.
По обиколката, трансфер назад до хотелот.Ноќевање.
Бенидорм – познато летувалиште, шетање по стариот град.
Патување до Аликанте, посета на тврдината Санта Барбара и шетање по старите улички.
Разгледување на шеталиштето Еспланада де Еспања и познатата Плаја дел Постигет.Уживање во локални ресторани и тапас барови.
Повраток во Валенсија во попладневните часови.Ноќевање.
Трансфер до аеродромот.Полетување за Белград во 20:35 , слетување во Белград во 23:15 ч. Полетување од Белград во 00:30 ч и пристигнување во Скопје во 01:40 ч
- Податоци за летот:
Air Serbia – 06.03.2025 | 04:00 – Skopje (SKP) – 1 STOP (BEL) – 09:05 Valencia (VLC)
Air Serbia – 09.03.2025 | 20:35 – Valencia (VLC) – 1 STOP (BEL) – 01:40 Skopje (SKP)
- Пасошите мора да важат минимум 90 дена од моментот на напуштање на Шенген зоната.
- Секој патник треба да има важечко патничко осигурување
- Со резервацијата треба да се плати аванс од 30% од вкупната сума
- Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД