ТАЈЛАНД– ПУКЕТ
Пакет аранжман: 8 BB + авионски превоз + трансфер + водич
Термин:05.03.2021-14.03.2021 (8 ноќи/ 10 дена)Тајланд (Thailand) – земјата на храмови, вкусна храна и насмеани луѓе.
Запознајте ја државата на контрастот. Спој на будизам и брз живот; егзотични плажи на југот и џунгли на северот; луд ноќен живот и романтични зајдисонца.
На југот ве чекаат прекрасни и диви плажи со високи палми и бисерен песок. Островите Phuket, Koh Samui, Koh Phangan итн. се расфрлани по Андаманското море и Тајландскиот залив.
Насмевката и гостопримливоста на тајланѓаните ве чекаат на секое ќоше.  Верувате дека одите на одмор, а Ве чека патување кое ќе Ви влезе под кожа.

Ве чекаме во земјата на насмевката!

1 ДЕН 05 март 2021 (петок) – СКОПЈЕ – ДОХА – ПУКЕТ
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 09:15, полетување за Доха, лет QR 306 во 11:55 часот. Слетување во Доха во 18:35 часот по локално време. Полетување за Пукет во 20:30 часот по локално време.

2 ДЕН  06 март 2021 (сабота)  – ПУКЕТ
– Пристигнување на аеродромот во Пукет со летот QR 842 во 07:05 часот по локално време. Состанок со локалниот претставник на аеродромот. Следува трансфер од аеродром до хотелот во Пукет со локален водич  на англиски јазик. Чекирање во хотелот Thavorn Beach Village 5* после 14:00 часот. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН  07 март 2021 (недела) – ПУКЕТ – ПИ ПИ Островот 
–  Појадок во хотел. Поаѓање во утринските часови, во 08:30 часот. Трансфер до пристаништето и качување на брод. Пристигнуваме на архипелагот на островот Пи Пи, на кој е сниман филмот “The Beach”. Го посетуваме заливот Маја (Maya bay), дијамант и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Пилеј лагуната (Pileh lagoon), т.е. местото од кое Леонардо Ди Каприо скокса во морето во самиот филм. Уживаме во капењето и тиркизното море. Поминуваме покрај Викингшката пештера (Viking cave) и слушаме приказни за древните пирати. Пристигнуваме на плажата на мајмуните (Monkey beach) каде постои можност да храниме мајмуни. Слободното време го користиме за нуркање во проѕирната вода и пливање со рипчињата со необични бои. Пауза за лесен ручек на Пи Пи Дон (Phi Phi Don)(Вклучено). За крај го оставаме островот Каи (Koh Khai), хипи оазата, каде ќе се опуштиме со освежителни коктели и звукови на реге музика. Екскурзијата трае 8 часа, се препорачува да носите комфортна, лесна и светла облека. Враќање во сместувањето во попладневните часови. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН 08 март 2021 (понеделник) – ПУКЕТ – Siam Niramit
–  Појадок во хотел. Ден за релаксација. Следува   Siam Niramit вечерно шоу само со трансфер, кое трае околу 6 часа. Од хотелот се тргнува во 17:00 часот со вклучен трансфер но вечерата не е вклучена. Се предлага да понесете комотна и лесна облека.. Siam Niramit е светска класа шоу мешавина од Тајландска уметност и културно наследство. Вечера не е вклучена. Ова шоу не смее да се пропушти, учествуваат над 100 перформери, со прекрасни костими и сет дизајни. Подобрените специјални ефекти и најнапредната технологија во светот се користат за производство на многу реалистичко, стимулативно и инспиративно искуство низ ова шоу. Шоуто започнува во 20:30 часот. Ноќевање.

5 ДЕН 09 март 2021 (вторник)  – ПУКЕТ
– Појадок во хотел. Ден за слободни активности и уживање во песочните  плажи и услугите на хотелот. Ноќевање.

6 ДЕН 10 март 2021 (среда) – ПУКЕТ
– Појадок во хотел. Ден за слободни активности и можност за дополнителни екскурзии. Ноќевање.

7 ДЕН 11 март 2021(четврток) – ПУКЕТ
– Појадок во хотел. Ден предвиден за слободни активности или можност за дополнителни ексурзии. Ноќевање.

8 ДЕН 12 март 2021 (петок) – ПУКЕТ
– Појадок во хотел . Ден за релаксација и индивидуални активности.  Ноќевање.

9 ДЕН 13 март 2021 (сабота)- ПУКЕТ
– Појадок во хотел . Ден за релаксација и индивидуални активности.  Ноќевање.

10 ДЕН 14 март 2021 (недела)- ПУКЕТ  – ДОХА
– Појадок во хотел. Слободно претпладне. Одјавување од хотел околу 12:00 часот. Во 15:40 часот по локално време следува  трансферот  од хотелот до аеродромот во Пукет.  Полетување во 19:40 часот од Пукет .Слетување во Доха во 23:05 ч.

10 ДЕН 15 март 2021 (понеделник)- ДОХА – СКОПЈЕ
– Полетување од Доха во 07:30 часот, Пристигнување во Скопје во 10:55 часот со лет QR 305 по македонско време.

ЦЕНИ НА АРАНЖМАНОТ
Пакет аранжмани (Пукет) по лице  : По лице во двокреветна соба Еднокреветна  соба Трет возрасен во 1/2 соба Дете 2-12 г.  со 2 возрасни
Comfort РЕДОВНА ЦЕНА : 1310 1878  1200 883
Цена  со попуст за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА до 30.08.2020 1210 1778 1100 783
УСЛУГИ

Во програмата е вклучено:

  • Авиобилет  ;
  • Аеродромски такси
  • 8 Ноќевања со појадок во  хотел Thavorn Beach Village 5* или сличен ;( за виртуелна тура на ресортот претиснете тука)
  • Трансфер од/до хотел-аеродром ;
  • екскурзии со водич на англиски јазик;
  • Сите влезници од локалитетите;
  • Претставник од Агентур за време на целото патување

Во програмата не е вклучено:

  • Патничко осигурување ;
  • Индивидуални трошоци;
  • Факултативни екскурзии кој не се наведени во програмата ;
  • Цената за виза за Тајланд со еден влез чини 35 ЕУР + услуга за визирање 30 ЕУР

Факултативни екскурзии:
* Факултативните екскурзии се резервираат на лице место

ХОТЕЛИ

Пукет
THE THAVORN BEACH VILLAGE RESORT AND SPA 5* или сличен– Хотелот се наоѓа на 10 минутно возење и од Камала и од Патонг. Ако барате уникатен вид луксузно искуство, тогаш дојдовте на вистинското место.
Thavorn Beach Village Resort & Spa е вистинско приватно одморалиште на плажа, кое се наоѓа на заливот Накалај со услуги и средства погодни за создавање незаборавно искуство.Одморалиштето има една од последните преостанати незагадени приватни плажи на Пукет, па прошетајте по нашата песочна плажа.
Како и со нашето мото, „Каде што тајландската традиција ја среќава природата“, имотот му посвети на градинарството над 14 хектари. Лесно е да се изгубите во нашите бесконечни ботанички и тропски градини исполнети со разновиден спектар на орхидеи и егзотични растенија.Нашиот базен со слободна форма лагуна се смета за еден од најголемите од ваков вид во Југоисточна Азија. Едноставно пливајте цел ден или истражете го огромниот базен за многу тивок агол да се опуштите и / или да се сончате.Thavorn Beach Village Resort & Spa исто така обезбедува 5 уникатни искуства за јадење, Спа од светска класа, пристаниште, центар за активности и првиот центар за зачувување на корали од Пукет, кој е приватно финансиран.
Оваа тропска оаза и скриена плажа, ве очекуваат секој момент !

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ

Потребни документи:

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6 месеци од терминот на патување

Услови :

  • При резервација се плаќа депозит од 100€, 50% од вредноста на аранжманот се уплаќа најдоцна до 90 дена пред поаѓање, а целосна уплата се врши до 21 ден пред поаѓање.
  • Понудата важи за минимум 16 пријавени патници,
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Потребна е виза за Тајланд (се уплака во агенција во износ од 65евра)
  • Патничко осигурување

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • До 90 дена пред датумот на поаѓање се задржува неповратниот депозит  при резервација на аранжманот;
  • За no show  се наплаќа во целост цената на пакетот.
  • Помеѓу 89-тиот и 46 – тиот  ден пред датумот на поаѓање се задржува 50% од вредноста на аранжманот;
  • Помеѓу 45-тиот и 22-риот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 21 ден пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
Напомена:

  • Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 16,  доколку се пријават помалку патници може да дојде до промена на цената..

Забелешки:

  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
  • При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Организаторот на патување го задржува правото на отказ на патувањето

ВИЗА​
За државјаните на Македонија неопходна е виза за посета и престој во Кралство Тајланд. Документација која е потребна за визирање:

  • пасош со рок на важење (кој важи 6 месеци по планираниот влез на Тајланд)
  • една фотографија на бела позадина (димензија 4cm x 6cm)
  • фотокопија од првата страна на пасошот
  • копија од купениот авионски билет
  • пополнет формулар кој го добивате во нашата агенција

Цената за виза за Тајланд со еден влез чини 35 ЕУР + услуга за визирање 30 ЕУР.
***Визата се вади еден месец пред патувањето, кога ќе ги добиете сите информации од страна на агенцијата.

КЛИМА
Во Тајланд преовладува тропска монсунска клима. Сезоната на дождови трае од средината на мај до октомври, додека сува сезона е во периодот од ноември до април. Температурата е летна (висока) во текот на целата година. Регистрираните температури се движат од 20°C и највисоката до 38°C. Поради високата влажност на воздухот температурата тешко се поднесува. На северниот дел влажноста е значително помала, а климата поблага. Југозападните монсуни кои доаѓаат помеѓу мај и јули (освен на југ) сигнализираат доаѓање на сезоната на дождови (ruedu fon). Таа трае до октомври и облаците ја редуцираат температурата. Влажноста на воздухот во тоа време е висока. Ноември и декември означуваат сува сезона и ноќни температури во пределите со висока надморска висина можат повремено да паднат до ново на благ мраз. Температурите почнуваат да се искачуваат во јануари, кога може да достигнат и до 40°C.

ТОПЛА ПРЕПОРАКА
Во последните 10 години кралството Тајланд станала ветена земја за сите оние кои веруваат во алтернативна медицина. Затоа можете да посетите некои од многуте спа центри, да посетите курс за медитација и да го научите вашиот ум и вашето тело да станат опуштени. Тука е и прочуената тајландска масажа (Thai), која стана популарна во целиот свет. Салони за масажа ќе најдете на секој чекор и тоа по многу поволни цени.