Санторини 05.03 – 10.03.2024

ноември 10, 2023

Термин : 05 Март

 

1 ДЕН СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку

гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ДЕН ПИРЕА – САНТОРИНИ ПИРГОС

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување. Препорачуваме посета на Пиргос, највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички…. ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина( една од петте на островот). Враќање во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН САНТОРИНИ – АКРОТИРИ-МЕГАЛОХОРИ-ФИРА

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.

Продолжуваме кон автентичното и   живописно селце – Мегалохори … Продолжуваме кон Фира, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на островот, воедно и главен град на островот. Слободно време за индивидуални прошетки, фотографирање и ручек во некоја од многубројните таверни.

Враќање во хотел во попладневните часови.Ноќевање.

4 ДЕН САНТОРИНИ – KALDERA MORNING ( Крстарење) – OIA

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер ( влезница на лице место 5€). Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води. Крстарењето продолжува накај Тирасија, населен остров, настанат со вулканска ерупција… можност за ручек во таверните наредени долж брегор. Враќање кон Санторини… Попатно, бродот застанува и  на старото пристаниште, пловидбата е долж сртот на Санторини со несекојдневен погкед на Иа, Имеровигли, Фиростефани и Фира..   Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за краток одмор.

Предлагаме  факултативна посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце на светот. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Ноќевање.

5 ДЕН САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН СКОПЈЕ  

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до15.12. 2023: 239/ 14.820 денари 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 269/ 16.680 денари 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

–      превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје

–      трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа

–      трансфер пристаниште – хотел – пристаниште

–      3 ноќевања со појадок  во хотел со 3* во Месариа, Санторини

–      -организација и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултатувни излети и програми

–      Oia (Иа), залез на сонце – 20€

–      Full day Santorini – (превоз + водич) 50€

–      Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич)   50€

–      Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј

–      ( превоз+влезница за винарија+презентација и дегустација +водич) – 25€

–      Посета на Пиргос 15€

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 140 Еур по лице 

–      еднокреветна соба 4.200 денари

–      задолжително патничко осигурување 300 денари

–      Туристичка такса ( 6 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

–      Доплата за седиште по избор 20€

–      Доплата за празно седиште 150€

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

neh