Прага 07.03 – 10.03.2024

ноември 13, 2023

Прага авионска – Програма на Тура

Ден1

(07.03.2024 – четврток ) Скопје- Прага

Состанок на аеродромот во Скопје во 10:35.Полетување за Прага во 12:35 ч., со еден стоп во Виена.Слетување во Прага во 16:00 часот. После царинските формалности следува организиран трансфер до хотел. Сместување и слободно време.Во вечерните часови може да се организира првото запознавање со Прага, по предлог на пратителот на групата.

Ден2

(08.03.2024- петок) Прага

Појадок во хотел.По појадокот следува организиран разглед на градот со локален водич.Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица…Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности… Ноќевање.

Ден3

(09.03.2024 – сабота) Прага – Карлови Вари

Појадок. По појадокот следува посета на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање назад кон Прага, слободно време. Ноќевање.

Ден4

(10.03.2024) Прага – Скопје

Појадок во хотел. После појадокот ќе имате слободно време за последното кафе во Прага. Во договорено време следи трансфер до аеродром. Во 16:40 полетување кон Скопје, преку Виена (5 часа преседнување на аеродром).Слетување во Скопје 15 минути по полноќ.