Park Hotel Kjustendil

Park Hotel Kjustendil

 

Park Hotel Kjustendil

Цени 2021

Цени на ден за соба

сместување ноќевање со појадок
недела-четврток петок и сабота
Еднокревета соба 30,50 € 35,80 €
Двокреветна соба 46,20 € 56,40 €
Трикреветна соба 66,60 € 82,10 €
Апартман 56,40 € 66,60 €

 

сместување Полупансион
  недела-четврток петок и сабота
Еднокревета соба 38,40 € 43,60 €
Двокреветна соба 56,40 € 66,60 €
Трикреветна соба 81,80 € 92,50 €
Апартман 71,80 € 82,10 €

 

сместување Полн пансион
  недела-четврток петок и сабота
Еднокревета соба 43,50 €   48,70 €
Двокреветна соба 71,80 €   82,10 €
Трикреветна соба 92,50 € 102,60 €
Апартман 82,10 €   92,30 €

Цените се во € се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Доплати, попусти:
Дете до 6 г. на дополнително легло – бесплатно сместување
Дете од 6-12 г. на редовен кревет – 50% попуст од цената за возрасен
Дете од 6-12 г. на дополнителен кревет – 70% попуст од цената за возрасен
Возрасен на дополнително легло – 50% попуст од цената во табелите

Доплата за појадок за дете до 6 г. 3,00 €
Доплата за ручек за дете до 6 г. 5,30 €
Доплата за вечера за дете до 6 г. 5,30 €

 

Доплата за појадок за дете до 6-12 г. 3,00 €
Доплата за ручек за дете до 6 г. 6,60 €
Доплата за вечера за дете до 6 г. 6,60 €


Цените са за 
соба на ден и вклучуваат:
Ноќевање со избор на услуга…
Користење на сауна,
Парна бања,
Џакузи,
Кардиофитнес,
Надворешен базен со минерална вода,
Безжичен интернет,
Паркинг,
Туристичко осигурување,

Во цената НЕ е вклучено:
Превоз
Патничко/здравствено осигурување
Пијалоци за време на оброците ( освен предвиденото од хотелот )

За гарантирана резервација е потребно 100% уплата 10 дена пред датата на пристигање!
Овие цени на важат за периоди на официални и национални празници.

 

Хотел

 

Парк Хотел отворен 2015 година во својот состав има: ресторан, лоби бар, надворешен базен со топла минерална вода, Спа и Велнес, безжичен интернет, рецепција, лоби, бесплатен паркинг.
Парк Хотел сместен меѓу прекрасна природа, центарот е на 5 минути пешачење од хотелот.
Хотелот нуди одмор и релаксација и можност да се користат лековитите минерални води и да уживате во прекрасната национална и интернационална кујна.

Ресторан
Ресторанот се наоѓа на првиот кат од хотелот, со поглед на градот и шумата.
Вкупниот број на седишта е 200 места само во затворениот дел.
Ресторанот има надворешна дел со капацитетот 30 места.

Минерален базен (топол извор на животна енергија)
Базенот е на отворено со топла минерална вода се наоѓа на задната страна од хотелот.
Температурата на водата е од 37-38 °С во зима и 28-30 °С во лето.
Има дел за деца, како и лежалки со чадори и маси.
Базенот е достапен за гостите на хотелот бесплатно.
Работно време: Во текот на целата година од 09:00 до 21:30 часот

Чистење на базенот се прави секој четврток, и базенот во тој ден може да се користи после 17 часот!

Спа зона
Спа зоната се наоѓа на првиот кат од хотелот, веднаш до рецепцијата и е составена од:
парна бања, џакузи и сауна, Пристапот до надворешниот базен е преку Спа зоната.
Во центарот има медицинско лице за прашања и консултации, како и персонал по желба да ја сменат температурата на водата, да ја сменат програмата на уредите и да ги користат капацитетите.
Посетите на Спа зоната и надворешниот базен за гостите на хотелот се бесплатни, со доплата се  масажи, физиотерапија и хидромасажа – сето тоа има посебен ценовник за услугите.
Работно време: от 09:00 до 21:30 часа

Сауна
Температура: 90 степени
Работно време: од 09:00 до 21:30 часот, преку целата година

Џакузи
Температура: 45 степени
Работно време: од 09:00 до 21:30 часот, преку целата година

Парна бања
Температура: 40 степени
Работно време: од 09:00 до 21:30 часот, преку целата година

Област за релаксација
Областа за релаксација вклучува загреана просторија со лежалки, соодветно осветлување, музика и можност да нарачате пијалоци од лоби барот.
Работно време: од 09:00 до 21:30 часот, преку целата година

Кабинет за физиотерапија и кинезитерапија
Кабинетот е опремен со уреди за ниска фреквенција и магнетна терапија со аналгетски и антиинфламаторно дејство, погодни за третман на мускулно-скелетниот систем и периферниот нервен систем.
Постојано присуство на медицинско лице, заедно со кинезитерапевти и физиотерапевти.
Работно време: 08:00 до 12:00 часот и 14:00 до 17:00 часот, преку целата година

Масажи
Работно време: петок и сабота – од 08:00 до 19:00 часот; недела, понеделник, вторник, среда и четврток – од 08:00 до 16:30 часот, во текот на целата година

Кабинет за процедури за хидромасажа
Третман со минерална вода, бања со џакузи, бисерна бања со вклучување на соли и масла, тангенцијална бања, водена постела за масажа со сапун и пилинг на целото тело.
Процедурите ги спроведува медицински професионалец.
Работно време: петок и сабота – од 08:00 до 19:00 часот; недела, понеделник, вторник, среда и четврток – од 08:00 до 16:30 часот, во текот на целата година

 

 

Соби

 

Хотелот има 6 ката и нуди 14 еднокреветни соби, 68 двокреветни соби, 4 трикреветни соби, 9 апартмани и една еднокреветна соба опремена за лица со посебни потреби.
Собите имаат прекрасен поглед и сите, освен трикреветните и 12 од еднокреветните, немаат балкони.

Пријавување: по 14:00 часот
Одјавување:   до 12:00 часот

Сите соби се пространи, удобни и имаат клима уред за лето и централно греење за зима, телефон, кабловска телевизија, мини бар и поглед кон хотелскиот базен или планината Осогово.
Бањите имаат туш кабина, опремени се и со основна козметика.
За сите соби може да се обезбеди дополнително креветче за дете до 6 години.

 

 

Масажи

 

 

Дополнителни услуги кои се нудат и се плаќаат во хотелот

Масажи: Времетраене Цена
Терапевтска масажа / делумна / 20 мин 25 лева
Терапевтска масажа 40 мин 40 лева
Терапевтска масажа 60 мин 60 лева
Класична масажа / делумна / 20 мин 25 лева
Класична масажа 40 мин 40 лева
Класична масажа 60 мин 60 лева
Антицелулит масажа 30 мин 40 лева
Масажа со сапун 20 мин 25 лева
Пилинг на тело 20 мин 30 лева

 

 

Услови

 

 

ВАЖИ ЗА ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ И ЗА ГОСТИНОТ:

За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 14 дена пред пристигнувањето без пенали.
Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 7 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
Откажување или промена на резервацијата помалку од 10 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
Хотелот не прима домашни миленици