Милано со езерата 13.03-17.03.2024

јануари 7, 2024

 

1.Ден 13.03.2024 (среда) СКОПЈЕ 
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 11.30 часот. Поаѓање за Италија во 12.00 часот (на пладне). Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2.Ден 14.03.2024 (четврток) МИЛАНО 
Пристигнување во претпладневните часови во Милано. Заминување на разглед на градот на модата:  Тврдината на фамилијата Сфорца од златното доба на Војводството Милано, театарот La Scala, еден од најпознатите театри во светот, Миланската Катедрала, архитектонско ремек дело чија градба траела пет века, најпознатата шопинг улица во Милано Corso полна со ресторани и продавници и најстариот трговски центар во светот Galleria Vittorio Emmanuelle II чија импресивна архитектура сигурно ќе ве воодушеви. Слободно време за одмор со вистинско италијанско кафе, шопинг или посета на музеи. Во договорено време средба со придружникот на групата и сместување во хотел. Ноќевање.
3. Ден 15.03.2024 (петок) ЛАГО ДИ КОМО – ШВАЈЦАРИЈА – ЛУГАНО   
Појадок. Ден предвиден за целодневен факултативен излет до Швајцарија. Посета на Лугано градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите. Границата со Швајцарија е нешто повеќе од еден час возење од Милано. На пат кон Лугано ќе го посетиме прекрасното глацијално езеро Лаго ди Комо, трето по големина во Италија и едно од најдлабоките езера во Европа (длабоко 410м). Прошетка низ живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро. Центарот на Комо, познат по својата импозантна готска катедрала и шеталиштето покрај езерото, мавзолејот на Алесандро Волта, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град… Можност за факултативно крстарење со брод по езерото каде може да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-от до 19-от век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн.
Патувањето продолжува кон блиската Швајцарија со посета и разглед на Лугано. Малото гратче познато како швајцарското Монте Карло, поставено на брегот на Лаго ди Лугано, место кое зрачи со вистинскиот дух на Швајцарија. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија… Слободно време. Во договорено време со придружникот собирање на групата и враќање во хотелот. Ноќевање.
4. Ден 16.03.2024 (сабота) ЛАГО МАЏОРЕ – СТРЕСА – БОРОМЕЈСКИТЕ ОСТРОВИ 
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување на факултативна посета на едно од најубавите езера во северна Италија, Лаго Маџоре, познато по луксузните вили на миланските богаташи. Посета на живописното гратче Стреса поставено покрај брегот на езерото, омиленото летувалиште на аристократијата од почетокот на 20-от век, со бројни Belle Epoque вили кои денес се претворени во хотели. Прошетка низ местото и слободно време за уживање. Препорачуваме факултативен излет со брод околу Боромејските острови, именувани по миланското аристократско семејство Боромео во чија сопственост биле со векови; Isola Bella со прекрасните италијански градини и барокниот замок, Isola Madre каде се наоѓа Pallazo Borromeo од 16-от век и Isola Superiore т.е. Isola dei Pescatori односно Островот на Рибарите каде препорачуваме ручек во некој од традиционалните рибни ресторани кои служат автентична италијанска кујна. Враќање со брод до Стреса. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
5.Ден 17.03.2024 (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Цена за резервации до 31.01.2024 – 229€/14.198ден
Редовна цена – 249€/15.438ден 
 
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* во Милано (околина) на база 2 ноќевања со појадок
– Организиран разглед со локален водич на Милано
– Организирана посети на градовите според  програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето
– Бесплатен трансфер од Велес, Штип, Неготино и Кавадарци
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Факултативна екскурзија Лаго ди Комо и Лугано – 55€ (крстарење по езерото Комо 20€)
– Факултативна екскурзија Лаго Маџоре и Стреса – 55€ (крстарење по Боромејски острови 30€)
– Доплата за туристичка такса (5€ по лице од ноќ)
– Влезници по културно – историските споменици и останати неспоменати трошоци
***ПРОМО пакет за пријава на пакет факултативи 100€ наместо 110€!!! 
Напомени: 
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање
– За еднокреветна соба доплатата изнесува 70€ на цената на аранжманот
– Трето возрасно лице на дополнителен кревет добива -10% попуст од цената на аранжманот
– Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници
– Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени
– Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба
– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд