Мексико од Скопје

Мексико од Скопје

Одиме во земјата на сомбрерата, брзиот гонзалес, текилите, тортиљите и омилениот чили сос. Одиме на величенствените Кариби во магичното Мексико! Сместени сме во Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)– Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови… Ја посетуваме Чичен Ица (Chichen Itza) едно од новите светски чуда, ги истражуваме божествата на Маите, обичаите и се восхитуваме на нивните достигнувања. Го учиме мајанскиот календар, ја пробуваме нивната храна и зачини…

Го посетуваме малиот рај Исла Мухерес (Isla Muјeres) каде се капеме со делфини и Исла Холбош (Isla Holbox)сеуште неоткриениот карипски бисер кој ќе ве маѓепса со својата убавина и најубавото тиркизно море. Одиме во Тулум (Tulum) каде палмите ги допираат облаците, додека го слушаме шумот на морските бранови, а белиот песок ни ги милува стапалата и во автентична мексиканска атмосфера зачинета со малку бохо стил се чувстуваме како во рајот. Во Коба (Coba) ќе ни застане здивот кога од височина ќе ја видиме густата тропска џунгла која се простира до недоглед и фасцинтните сеноти, најпознатите природни подземни базени каде Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега важат за прекрасни, извајани од природата атракции. Истражуваме најрустичните колонијални градчиња чија посета не е целосна без малку текила и одлична храна.

Хедонистичка авантура што се памети цел живот! Добредојдовте во Мексико!

Состанок на групата на Mеѓународниот аеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 20:45h (TK1006). Пристигнување во Истанбул во 23:20h по локално време.

Конекција на лет за Канкун (Cancun) во 02:30h (TK182). Пристигнување во Канкун во 12:20h. ¡Hola Mexico! Трансфер до Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), преубаво место на брегот на Карипското Море во државата Кинтана Ро (Quintana Roo). Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови… Сместување во хотел. Вечерта, по желба, одиме на традиционална мексиканска вечера, а потоа во бар на неколку пијачки (текила, пиво или коктели, одлучете сами).

Совршено отворање на нашата Мексиканска авантура! – Козумел! Веднаш спроти Плаја дел Кармен, се наоѓа Козумел, најголемиот остров на Мексиканските Кариби, или за многумина неизбежната точка при посета на Карипско море. Задолжителна станица на сите светски луксузни крузери, заради прекрасните егзотични плажи. Козумел го краси рајска и живописна природа, плажи со бел мек песок, карипско сина вода и е совршеното место за релаксирање, забава, вкусна храна и полнење со позитивна енергија. Засолниште за љубителите на природата, риболовците, нуркачите и романтичарите, Козумел е сметан од античките Маите како дом на божицата на љубовта и плодноста. Освен прекрасните плажи по кои надалеку е познат, како круна на островот е шареното мексиканско градче San Miguel de Cozumel од каде започнува нашата авантура на островот.

Факултативен излет во Тулум (Tulum), градот на Маите на брегот на Карибите. Игуани во разни бои и со различна големина слободно ќе се шетаат покрај вас, а после разгледувањето на археолошкиот локалитет Коба (Сoba), одиме на една од најубавите плажи на Карипското Море и сигурно една од најубавите плажи на светот. Го имаме цело попладне за уживање во овој рај. Вечерта се враќаме во Плаја дел Кармен.

Факултативен излет и капење во четирите најпознати сеноти на Јукатан. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата, атракции. Овие природни јами настанати со пропаѓање на варовникот се најпопуларните природни базени на светот. Враќање во Плаја дел Кармен.

Факултативен излет во Чичен Ица (Chichen Itza), градот на Маите и едно од новите светски чуда. Ова сигурно ќе биде едно од најимпресивните места кои ќе ги видите во животот, а приказната за Маите, нивната култура и начин на живот ќе ве допрат и ќе ве натераат на длабоко размислување. Ќе имаме прилика и да се искапеме во сенотите – природни езера кои се наоѓаат во пештери. На враќање од излетот правиме кратка пауза за да го видиме градот Ваљадолид (Valladolid). Враќање во Плаја дел Кармен. Слободно време.

Факултативен излет и запознавање на Карипските острови! Одиме на островот Исла Холобош (Isla Holbox) за кој без двоумење можеме да кажеме дека е рајот на земјата. Сеуште неистражениот остров е познат по kite boarding, убавите плажи и чудесниот биодиверзитет. Пред самиот остров се наоѓаат лагуните кои се дом на фламинга и пеликани. Враќање во Плаја дел Кармен.

Факултативен излет и одлична прилика да го посетиме познатиот остров на жените односно Исла Мухерес (Isla Mujeres). Уживање во магијата на островот кој е посветен на мајанската божица на раѓањето Ишел. Овој остров е оддалечен само тринаесет километри од Јукатанскиот Полуостров и е лесно пристапен за љубителите на одлично капење во водите на тиркизните Кариби. Целиот остров може да се разгледа со голф количка со оглед на тоа што голф количките се единственото превозно средство на овој мирен остров. За љубителите на адреналински авантури постои и можност за нуркање со ајкули! Враќање во Плаја дел Кармен.

Слободен ден или прилика за истражување на најубавите бисери на Карипското море. Можност за посета на некоја од плажите во Канкун (Cancun) со локален трансфер.

Ден посветен за Мексичките Малдиви! Одиме на факултативниот излет Бакалар, местенце кое се наоѓа на самиот југ на државата на Quintana Roo, на границата со Белизе. Со оглед на тоа што Бакалар се наоѓа надвор од туристичкиот дел на Јукатан и далеку од туристичките гужви сеуште е неистражено скриено богатство и нуди автентично доживување. Бакалар е место со необјаснива убавина благодарение на езерото кое се нарекува “Лагуната со седум бои”. Ова прекрасно езеро како што посочува и неговото име, се прелива во седум нијанси сино кои се менуваат во текот на денот и на различни длабочини. Се восхитуваме на чистината и убавината на езерото и уживаме во спокојот кој маѓепсува на ова место.

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Канкун до Истанбул во 13:40h. (TK181).

Пристигнување во Истанбул во 09:35h. по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 19:30 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:55h. . Крај на патувањето.

Што е вклучено

Сместување


Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 20 кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 20 кг. чекиран и 8кг. рачен
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Канкун – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2 x 20кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 2 x 20 кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мексико