Цена 669 еур/ 4180 мкд
Програма на патување
1 ден (07 Дек) Скопје – Кападокија
Полетување од Скопје за Истанбул во 08.35 ч со лет ТК1004. Слетување во Истанбул во 12.15 ч. Патувањето продолжува со лет ТК2014 во 14.15 ч, слетување во Кајсери во 15.45 ч.
Организиран превоз до хотел со автобус. Сместување во хотел. Слободно попладне .Факултативно организирана вечера во национален ресторан со музика. Ноќевање.
2 ден (08 Дек) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран разглед (Северна тура или класична ) на Кападокија со локален водич, вклучен превоз, ручек, влезници и водич , (09.00 ч -17.00 ч). Разглед на : Devrent Valley , Pasabagi (Monk’s Valley), Avanos (Pottery center), Goreme Zelve Air Museum, Uchisar Castle. Уживање во погледот на камените формации и несекојдневните пејзажи во долината Дервент и вилинските оџаци кај Зелве.Таму се најубавите остатоци од Византиската уметност, цркви исклесани во камен и фрески кои датираат од 10-13 век. Од највисоката карпа во Гореме, Учисар ќе уживате во преубава панорама која се протега пред нас. Ручек во Аванос , град на грнчарската уметност. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
3 ден (09 Дек) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран разглед (Зелена тура и посета на подземен град ) на Кападокија со локален водич, вклучен трансфер, ручек, водич и влезници (09.00 ч- 17.00 ч). Разглед на : Kaymakli Underground City, Ihlara Valley, Belisirma, Selime. Посета на најпознатиот подземен град Кајмакли и кањонот Ихлара.Посета на селото Белисирма , односно древната Перистреме каде што тече реката Мелендиз. Посета на Селима, позната по куќите кои се исклесани во камен и кои се наоѓаат на ивиците од самиот кањон, пејзаж сличен како од Војната на ѕвездите. Враќање во хотел. Факултативно организирана вечера во традиционален ресторан со музика. Ноќевање.
4 ден (10 Дек) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран рано наутро лет со балон. Поаѓање околу 04 ч од хотел. Волшебно, незаборавно доживување. Во 12 .00 ч организиран превоз за Аеродром во Кајсери. Полетување со ТК 2015 во 16.30 ч, слетување во Истанбул во 18.10 ч. Патувањето продолжува со ТК1005 во 20.15 ч од Истанбул, слетување во Скопје во 19.45 ч по локално време.
Цени за факултативни екскурзии:
- Северна тура -55 еур
- Зелена тура – 65 еур
- Летање со балон ( за овој период од … еур, цената е променлива и зависи од периодот и организаторот )
- Вечера во традиционален ресторан со неограночено пиење од- 50 еур
- Вечера во ресторан со дервишки танц – 35 еур
- Сафари со четири цикли -2 часа на залез на сонце – 45 еур ( едно возило може да го делат двајца) ;Џип сафари 2 часа на зајдисонце – 90 еур по возило( едно возило може да го делат 4 лица)
Важна напомена:
- Цените се по лице, сместување во двокреветна соба и валидни за пријавување на мин. 20 патници.
- Цени за сместување во еднокреветна соба 150 еур, на барање .
- Разгледите во Кападокија ќе зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
- Плаќање исклучиво во денари по курс 62 мкд.
- Плаќање при резервација 30%, доплата 15 дена пред поаѓање.
- Агенцијата има право да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање; Важат општите услови за продажба