Hotel Movenpick Resort & Spa Fruške Terme 4* 10.03.2024 – 12.03.2024

февруари 4, 2024

Празнична понуда – Hotel Movenpick Resort & Spa Fruške Terme 4*

Празнична понуда што ќе Ве релаксира и рехабилитира!

 

Hotel Movenpick Resort & Spa Fruške Terme 4*

 

Добитник на престижните награди World Luxury Hotel Awards и World Luxury Spa Awards

Најдобар Termal Spa во источна Европа, Termal Spa во Србија и Wellness Spa во Србија

 Со бонус посета и разглед на Нови Сад! 

(10.03.2024 – 12.03.2024)

 

 

Прв ден: 10.03.2024 (недела).   –02:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 03:30 часот од Скопје кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на градот создаден на левиот брег на реката Дунав: Дунавскиот парк, Дунавската улица, Змај-Јовината улица, зградата Железен човек, Соборната црква, Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква… Слободно време за индивидуални прошетки и за посета на еден од најголемите шопинг центри во Нови Сад „Promenada“. Во договореното време се упатуваме кон Фрушка Гора во најстариот Национален Парк во Србија на надморска висина од 240 метри. На оваа идеална позиција се наоѓа воздушната бања Врдник, трета по големина во Србија која изобилува со лековита хипотермална вода со температура до 32 степени. Токму тука пред три години е изграден најголемиот термален спа ресорт во Србија, хотелот Фрушке Терме кој од пред една година со потпишувањето на договорот со француската групација Accor стана првиот  Movenpick хотел во Србија со визија до 2030 година да прерасне во водечки термален спа ресорт во Југоисточна Европа. Сместување на групата во хотелот „Movenpick Resort & Spa Fruške Terme“ 4*(https://www.frusketerme.com/#). Слободно време за одмор од патувањето и за релаксација и уживање во обемната понуда што ја овозможува хотелот. Хотелот располага со 11 внатрешни и надворешни базени со термоминерална вода со температура од 29 до 32 степени и спа центар на површина од 10.000 квадратни метри со 12 сауни и парни купатила, хамам, релакс соба и соба со водени кревети.  Гостите можат да користат: внатрешен базен со „брза река“, масажер и водени млазови, базен со топло-ладна врска, внатрешен пливачко рекреативен базен, тобогани и два мали детски базени. Во понудата е вклучено и користењето на спа центарот кој опфаќа: релакс соба со водени кревети, Kneipp стаза, финска сауна, финска-панорама сауна, хромо сауна, инфрацрвена сауна, парно купатило Caldarium, солена соба, Tepidarium и теретана со најсовремена  TechnoGym опрема. Освен тоа на сите гости им е на располагање безалкохолен мини бар со кој е опремена секоја соба. Во вечерните часови гостите можат да уживаат во вкусната храна во етно ресторанот Врдничка Кула или пак во италијанскиот ресторан кои се во состав на хотелскиот комплекс. Ноќевање.

 

Втор ден: 11.03.202(понеделник)Појадок на богата шведска маса. Целодневно уживање во содржините што се на располагање во хотелот. Љубителите на природата можат да пропешачат низ Националниот Парк Фрушка Гора или до бањата Врдник која е оддалечена дваесетина минути од хотелот. Во состав на хотелскиот комплекс е отворен и луксузен италијански ресторан каде можете да вкусите специјалитети од италијанската кујна. Во вечерните часови имате можност да уживате во етно ресторанот Врдничка Кула. Ноќевање.

Трети ден: 12.03.202(вторник)Појадок на богата шведска маса. Слободно време за користење на базените и спа центарот. Во 11.00 се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Попатна пауза за одмор и ручек во шопинг центрот Ушќе во Белград. Во договореното време го продолжуваме патувањето кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………229 евра (14.200 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус

– Две ноќевања со појадок во хотелот  Movenpick Resort & Spa Fruške Terme“ 4*

– Користење на водениот и сауна светот во хотелот

– Користење на безалкохолниот мини бар во хотелските соби

– Посета и организиран разглед на Нови Сад со локален турристички водич

– Посета на шопинг центарот Ушќе во Белград

– Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

– Патничко осигурување

– Доплата за еднокреветна соба – 65 евра од вечер

– Доплата за туристичка такса – 1 евро по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)   –

 

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

atlk