Family Apartmani Kopaonik

Family Apartmani Kopaonik

Family Apartmani Kopaonik

Апартманите се наоѓаат во најубавиот дел на Копаоник во Викенд Населбата на надморска височина од 1350 метри и на 6 км од ски центарот . Опкружени со прекрасни борови шуми кои ви овозможуваат амбиент за совршен одмор.

Новоизградената зграда се состои од 5 ката, секој апартман има пристап до терасата и поглед што го одзема здивот.Апартманите содржат дневна соба со кујна ,спална соба и сопствена бања. Дневните соби и терасите се наоѓаат на сончевата страна кои ви овозможуваат неверојатен поглед на падините на Копаоник, со прекрасно зајдисонце.

Објектот има сопствено водоснабдување од извор на природна планинска вода, сертифициран квалитет, сопствен електричен котел за подно греење, како и асфалтиран двор со паркинг простор.

Период Цена за 1/4 апп по ноќ
03.12-23.12.2021 75€
24.12-29.12.2021 90€
30.12.2021-03.01.2022 175€
03.01-10.02.2022 100€
11.02-16.02.2022 145€
17.02-28.02.2022 100€
01.03-15.04.2022 90€

 Дадените цени се по ноќ по апартман во избран период за максимум четири возрасни лица

 Услови за резервација:

*Минимум престој од 3 ноќи

*За потврда на резервација потребна е уплата од 30 % на вкупната цена на аранжманот

 Доплати :

*Доплата за појадок 6 € за возрасни лица, деца до 12 години 4 € (плаќање на лице место на рецепција)

Доплата за дневна карта за  користење на спа центар во склоп наобјектот Srebrena Planina spa & Resort ,цената на картата изнесува 14 € за возрасни лица и 7€ за деца помлади од 12 години (цената е со 20 % попуст со тоа што гостите треба да нагласат дека се гости  на Family Apartmani како би им било наплатено со цената со попуст)-плаќање на рецепција

*Гостите на Family Apartmanite  имаат право на 10 % попуст во ресторанот на Srebrena Planina spa & Resort (попустот не се однесува на горенаведениот појадок ,него исклучиво на менито на ресторанот)

 Напомена : Ве молиме почитувајте ги препорачаните мерки против COVID-19 за Ваша и наша заштита, следете ги препораките и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.