ДУБАИ ВО НОЕМВРИ

ДУБАИ ВО НОЕМВРИ

ДУБАИ – ЗЛАТЕН БЛЕСОК И ПУСТИНСКА ВОЛШЕБНОСТ

 

Вклучено во пакетната цена екскурзии за разглед во Дубаи и Абу Даби:

  • Посета на „Dubai Frame“
  • Посета на единствентата ски писта на затворено во Блискиот Исток која се наоѓа во  “The Mall Emirates”
  • Време за фотографирање и кафе на Палмата – “The Pointe”, каде има неверојатна глетка кон „Atlantis the Palm”
  • Вклучена посета на Претседателска палата „Qasr Al Watan” во Абу Даби!

 

Ден 1

Средба на аеродромот во Софија/ Терминал 2/ во 11:30 ч. Лет за Дубаи во 14:10 ч. со авиокомпанијата Fly Dubai. Пристигнување на аеродромот „Dubai International Airport” во 20:55 ч. Трансфер и сместување во избраниот хотел. Ноќевање.


Ден 2

Појадок. Целодневна екскурзија во Дубаи со вклучена посета на Рамката „Dubai Frame“, ски пистата, најновот место на Палмата – “The Pointe”/вклучена во цената/.

Денес ќе го разгледаме вториот по големина емират во ОАЕ. Нашата арапска приказна ќе започне со посета на една од најновите знаменитости на Дубаи – „Рамката“ / Frame Dubai /, која беше официјално отворена на 1 јануари 2018 година во прекрасниот парк Zabeel. Проектот ја раскажува приказната за минатото, сегашноста и иднината на Дубаи. Двете стаклени кули од 150 метри се поврзани со делумно транспарентен мост од 93 метри, каде посетителите можат да уживаат во извонредната панорама од 360 степени на градот. На север можете да ги видите знаменитостите на стариот Дубаи – Деира и Бур Дубаи, а на југ ќе ги видите модерните трговски центри и популарните облакодери. Потоа ќе се упатиме кон новиот дел на Дубаи, каде ќе најдете низа архитектонски фантазии претворени во реалност – интересен контраст помеѓу почитуваните стари традиции и ултрамодерен луксуз и многу цвеќиња во срцето на пустината.

Ќе застанеме за фотопауза пред 7-ѕвездениот хотел Burj al Arab, како и Madinat Jumeirah или како што го нарекуваат „Арапската Венеција”, а потоа ќе се упатиме кон Mall of the Emirates, каде ќе имаме можност да ја видиме најголемата ски писта на затворено на Блискиот исток. Слободно време за ручек / не е вклучен во цената /.

Екскурзијата продолжува кон вештачкиот остров The Palm Jumeirah, каде ќе застанеме на пауза за фотографирање на прекрасниот брег „The Pointe“, каде го има најубавиот поглед на величествениот и луксузен хотел „Atlantis The Palm“. Ќе продолжиме кон новиот гламурозен кварт Dubai Marina и ќе застанеме на пауза за фотографии покрај извонредниот облакодер Infinity Tower кој има уникатна архитектура инспирирана од човечката DNK. Секој негов кат е поместен за нешто повеќе од 1 степен за да се произведе целосна спирала од 90 степени.

Екскурзијата завршува со разглед на Dubai Mall, најголемиот трговски центар во светот, дел од комплексот Burj Khalifa . Слободно време за гледање на разиграните фонтани The Dubai Fountain и вечера / не е вклучено во цената/.

 

Факултативно и со доплата може да се купи до палубата за набудување на Burj Khalifa „At the top” ( 128-и кат). – Цена 40 ЕУР  за возрасни / деца

Извонредно е чувството да се искачиш за 124 секунди до 124-от кат на врвот од највисоката конструкција некогаш изградена. Со своите 828 метри и 206 спрата, од кои последниот на 626 метри, Burj Khalifa го држи рекордот „најмногу“ за достигнувања во повеќе од 14 категории. На својата највисока точка, кулата се лула хоризонтално, правејќи осцилации долги 1,5 метри

 

Ден 3  

Појадок. Слободно време за плажа и одмор или можност за факултативна екскурзија.

Наутро од 09:00 ч: Факултативна екскурзија – Магијата на пазарите на отворено на Истокот, со ручек во локален ресторан.  Цена – 40 EUR (деца до 12 г. – 35 EUR)

Патувањето го започнуваме со преминување на другата страна на Dubai Creek, природниот воден пат што го дели градот на два дела – Деира и Бур Дубаи. Интересно доживување да пловите за кратко со традиционалното водно такси наречено „абра“. Прошетката продолжува со пазарот на зачини, парфеми и популарниот „Златен пазар“. Овде ќе најдете разнобојна мешавина од зачини, изобилство ореви, слатки арапски ароми и златарски работилници кои ќе ве остават без зборови со раскошен накит и нивната вешта изработка. На крајот од прошетката ќе посетите продавница каде што можете да изберете и да купите разни сувенири, а потоа можете да очекувате богат ручек во локален ресторан.

Корисни информации за екскурзијата: Ручек на шведска маса со голем избор на специјалитети (еден безалкохолен пијалок вклучен во цената). Претежно пешачка тура. Времетраење околу 5 часа.

 

Навечер од 18:00 ч.: Посета на парк со активности/Global Village/

Цена:  возрасни 40 EUR (мин. 10 лица) (деца до 12 г. – 25 EUR)

Комплексот е место за забава како за деца, така и за возрасни. Се одликува со многу атракции, концертни сцени, ресторани, забавен парк, зелени површини и 30 палати, кои претставуваат 75 земји, каде што можете да купите оригинални производи од целиот свет – природни масла од Африка, фурми од Саудиска Арабија, памучна облека од Египет, кожени производи од Авганистан и многу други. Времетраење: околу 5 часа.

Екскурзијата вклучува: превоз од / до хотел, влез во селото, водич на бугарски јазик.

Екскурзијата не вклучува: храна и пијалоци, билети за атракциите во забавниот парк на селото.

 

 

Ден 4  

Појадок. Слободно време за плажа и одмор или можност за екскурзија.

Наутро од 09:30ч.: Целодневна туристичка екскурзија на Абу Даби со вклучена посета на Претседателската палата „Qasr Al Watan”/екскурзијата е вклучена во пакетната цена/.

Само пред 80 години Абу Даби не било многу повеќе од рибарско пристаниште на еден острвов во непосредна близина на копното, познато по ловците на бисери. Денес Абу Даби – главниот град на Обединетите Арапски Емирати, зграпчува со лежерното волшебство на белиот песок, тиркизни води, подреденост и повторно брилијантни архитектонски достигнувања

Уште при влегување во градот ќе останете занемени од величественоста на белата џамија Шеик Зајед. Ќе имате можност да ја посетите и да го искусите прекрасното чувство на ширина, простор и бел спокој. Потоа ќе се упатиме кон Претседателската палата „Qasr Al Watan”. Најновата и уникатна знаменитост во Обединетеите Арапски Емирати.
Палата исполнета со знаење, што му нуди на светот поглед на арапско наследство и владејачките принципи што ја обликуваат историјата на Обединетите Арапски Емирати и нејзината визија за иднината. 
„Qasr Al Watan“ е повеќе од палата, тоа е збогатувачко патување во модерен амбиент што открива и ги рефлектира управувањето, знаењето и мајсторството. Палатата ви нуди единствена можност да се восхитувате на величествените ходници, што сигурно ќе ве остави без здив од архитектонската екстраваганција, што го покажува богатото арапско наследство на регионот. Ќе дознаете повеќе за владетелите и управните институции кои ја обликуваат оваа голема нација. Краток одмор за ручек или шопинг во Марина Мол Абу Даби. Ќе го видите и импозантниот хотел /Emirates Palace/ (фото-стоп однадвор),
изграден во типичен арапски стил со архитектура што потсетува на палата од бајките.

Во попладневните часови ќе го посетиме островот Јас / Yas Island / – познат по Гран-при патеката на Формула 1 (посетата на патеката не е вклучена) и продавниците на компанијата од забавниот парк Ferrari World. Кратко слободно време за прошетка во Јас Мол / Yas Mall/.

Забелешка: во случај на промена на времето за посета на џамијата, програмата може да се одржи по обратен редослед во однос на разгледувањето на знаменитостите.

Корисни информации за екскурзијата: Патувањето е целодневно и се спроведува со водич на бугарски јазик. Патувањето од Дубаи до Абу Даби е околу 90 минути. За време на посетата на џамијата Шеик Зајед, има кодекс на облекување за мажи и жени. Ве молиме обрнете внимание на упатствата што ќе Ви бидат дадени пред поаѓање.

Ден 5

Појадок. Слободно време за плажа и одмор или можност за факултативна екскурзија.

Целодневна екскурзија: Градините на Дубаи /Miracle Garden/. Цена – 40 EUR (мин. 15 лица) (деца до 12 г. – 35 EUR) .

Ќе уживате во најголемите вертикални и хоризонтални градини во светот со околу 45 милиони цвеќиња расположени на површина од 72 километри квадратни. Некои од растенијата засадени во градината на Дубаи никогаш порано не биле одгледувани во регионот на Персискиот залив, од кои најпопуларни се петунија и невен. Интересно е што цвеќињата се засадени така да образуваат различни форми. Некои од нив прикажуваат срца, ѕвезди, разни видови кругови, а има и поголеми фигури како пирамиди, ретро автомобили, мостови, заоблени патеки, шарени чадори и многу други / престој во градините околу 1:30 час /.

 

Попладне од 15:00 ч.:  Факултативна екскурзија – Џип сафари во пустината. Цена – 60 EUR (деца до 12 г. – 45 EUR)

Оваа екскурзија е бисер во круната на возбудливите авантури во Дубаи. Ова off road искуство, возењето по црвените песочни дини ќе Ви пружат неопишано задоволство. Срамежливото зајдисонце ќе додаде мека светлина и романса, а пустинскиот пејсаж ќе Ве покани да навлегувате се подлабоко во срцето на пустината. Ќе застанете меѓу црвените дини за да го пробате вкусот на арапско кафе и гостопримството кон посетителите. По зајдисонцето, ќе пристигнете во бедиунски камп, каде ќе се служи вечера на отворено. Тука ќе можате да ги обоите Вашите раце со кана, да пушите наргиле, да возите или само да се сликаат со камила – сето тоа со позадина на арапска музика и танц.

Корисни информации за екскурзијата: Почеток на патувањето: 15:00 часот. Времетраење: околу 5 часа. Сафари џиповите ќе Ве земат од Вашито хотел. Патувањето не е погодно за бремени жени. За деца до 6 години, сафари е одговорност на родителите и е дозволено по потпишување документ за согласност. За Ваша удобност, облечете лесна надворешна облека и носете шал.

 

Ден 6

Појадок. Слободно време за плажа и одмор или можност за факултативна екскурзија.

Навечер од 18:30 ч.: Факултативна екскурзија – Крстарење и вечера на традиционалниот арапски брод Доу / арапска галија /, пловење по Дубаи Марина.  Цена – 65 EUR (деца до 12 г. – 55 EUR)

Прекрасно вечерно крстарење со овој традиционален брод во минатото за Индискиот Океан. Вечерно ветре, рефлексии на облакодерите околу Дубаи Марина, вкусна вечера и незаборавно искуство.

Корисни информации за екскурзијата: Климатизиран превоз до и од хотелот, двочасовна прошетка со галијата, континентална вечера на шведска маса, безалкохолни пијалоци, кафе и чај. Времетраење на крстарењето: околу 2 часа и 30 минути.

 

Ден 7  

Појадок. Напуштање на хотелото околу 06:30 часот. Трансфер до „Dubai International Airport” за лет до Софиja вo 09:40ч. Пристигнување на аеродромот во Софија во 13:25ч.

 

ПАКЕТНИ ЦЕНИ

ДАТИ: 15.11 – 21.11 и 22.11 – 29.11

 

Пакетната цена вклучува:

  • Авионски билет Софија – Дубаи – Софија со вклучени аеродромски такси;
  • Едно парче кабински багаж до 7 кг. со големина 56/45/25 см на авионот;
  • чекиран багаж 20 кг;
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • 6 ноќевања со појадок во избраниот хотел;
  • Целодневна тура со разглед на Дубаи со водич на бугарски јазик;
  • Целодневна екскурзија до Абу Даби со водич на бугарски јазик;
  • Претставник од Бугарија за време на целиот престој во Дубаи;
  • Услуга на бугарски јазик за време на екскурзии во Дубаи од страна на професионални, лиценцирани водичи;

 

Пакетната цена не вклучува:

• Кетеринг во авионот;

• Дополнителни (Факултативни) екскурзии;

• лични трошоци;

• Такса „Туристички Дирхам“ во Дубаи – се плаќа задолжително и лично од туристот при влез во хотело и се наплаќа по соба од вечер по:

Ibis Dubai Deira City Centre 3*- 10 дирхами (околу 3 евра)

Hyatt Place Dubai 4 * – 15 дирами (околу 4 евра)

Holiday Inn Festival city 4* – 15 дирами (околу 4 евра)

  • Патничко осигурување (Ве молиме проверете дали осигурувањето кое го имате или ќе го купите покрива ризици од COVID-19)

 

Дополнителни (Факултативни) екскурзии

Име на екскурзијата

Цена за возрасен

Цена за дете до 12 год.

Времетраење

Магијата на отворените пазари на Истокот со ручек во локален ресторан.

40 EUR/78 лв

35 EUR/69 лв

͌ 5 часа

Burj Khalifa и Dubai Mall

40 EUR/78 лв

40 EUR/78 лв

͌ 5 часа

Џип сафари во пустината со вклучена вечера

60 EUR/117 лв

45 EUR/88 лв

͌ 6 часа

Крстарење и вечера на традиционалниот арапски брод Доу / арапска галија /

65 EUR/127 лв

55 EUR/107 лв

͌ 5 часа

Global Village

40 EUR/78 лв

25 EUR/49 лв

͌ 5 часа

Градините на Дубаи

40 EUR/78 лв

35 EUR/69 лв

͌ 3 часа

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ ПО ПРОГРАМАТА:

Ibis Dubai Deira City Centre 3*

Наспроти познатиот трговски центар: Dubai Deira City Centre. На околу 200 метри од метро-станицата Deira City Centre и на 10-минутен трансфер од меѓународниот аеродром во Дубаи. Бесплатен Wi-Fi. Хотелот нуди бесплатен дневен шатл до плажата Al Mamzar Beach Park. Гостите на хотелот можат да го искористат надворешниот базен и фитнес-центар на хотел Novotel Deira

Holiday Inn Festival city 4*

Еден од најновите  4*- ни хотели во Дубаи коиј се наоѓа во популарната област на Фестивал Сити. Во близина на хотелот се наоѓа познатиот шопинг мол “Фестивал Сити”, а секоја вечер од 19:00ч има светлечко и ласерско шоу, како и шоу со фонтани. Собите се пространи, светли и удобно уредени. Гостите може да користат надворешен базен и фитнес центар.

Hyatt Place Dubai 4*

 

Атмосферата на Hyatt Place Dubai Al Rigga Hotel се чувствува во секоја соба. Уреден во типично арапски стил, хотелот е на само неколку минути од меѓународниот аеродром во Дубаи и е во непосредна близина на метрото и автобуски станици. Хотелот нуди бесплатен дневен шатл до плажата Al Mamzar Beach Park

 

Услови за резервација:

  • Меѓународен пасош валиден 6 месеца после последниот датум на патувањето.
  • Уплата на депозит (аванс) од 100 еур по лице
  • Целосна уплата до 30 дена пред заминување.

 

Патниците имаат право да го откажат договорот за патување во секое време пред започнување на користењето на туристичкиот пакет, со плаќање на следните пенали:

 

  • До 30 дена пред датумот на патување: без пеанли
  • Од 29 дена до датумот на патување: 100% пенали од износот на целиот договор

 

Исклучок од плаќање на пенали од страна на клиентите е само во случај на развој на епидемиолошка состојба и опструкција на патувањето заради затворање на границите на Бугарија и Обединетите Арапски Емирати. Во овој случај, тур-операторот е должен да го врати износот што го платил корисникот во рок од 14 дена од денот на поаѓањето.

 

Организаторот го задржува правото на промена на часовите на полетување доколку е потребно.

 

Вид на превоз кој се користи во програмата: Авионски превоз и Автобуски превоз

 

Забелешки:

  • Дадените пакетни цени се калкулирани по курс на 1 USD = 1.80 лева. В случај, валутниот курс да се зголеми или намали за 5 или повеќе проценти, организаторот го задржува правото за корекција на општата пакетна цена. че обменният курс се завиши или намали с 5 или повече процента, туроператорът си запазва правото да внесе корекция в общата пакетна цена.
  • Ве молиме да имате во предвид дека некои хотели во Дубаи бараат депозит за хотелски услуги при пристигнување – мини бар, спа центар, бар, ресторани. Доколку депозитот не се искористи, тој се враќа. Плаќањето може да се изврши во готово или со кредитна картичка.
  • Минимален број на туристи за патување – 20. Краен рок за известување за недоволен број: 14 дена пред датумот на поаѓање
  • Доколку се променат цените на влезниците за објектите и рестораните, може да се променат цени на програмата или екскурзиите.

 

Во случај корисникот да го прекине доброволно своето патување за време додека истото веќе се реализира, сите дополнителни трошоци, вклучително и транспортните трошоци, се на негова сметка.

 

За патување во Дубаи нема посебни медицински и санитарни барања.

Патувањето како целосна програма НЕ Е соодветно за лица со ограничена подвижност.