Алберобело–Неапол–Амалфи–Позитано–Помпеа–Матера
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН 329 ЕВРА/ 20.398 МКД ПО ЛИЦЕ ДО 15.09.2024
ЦЕНА НА АРАНЖМАН 369 ЕВРА/ 22.878 МКД ПО ЛИЦЕ
Состанок на групата во 12.00 час. кај хотел Русија. Поаѓање за Игуменица,со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Игуменица и качување на траект за Бари. Ноќно патување и ноќевање на траект.
Појадок во хотел. Денот ни започнува со шопинг во трговскиот центар Centro Commerciale La Cartiera. Слободно време за шопинг. Помпеја е град од времето на античкиот Рим, кој во 79та година од нашата ера од силната ерупција на Везув бил потполно уништен, прелеан со лава, целиот град со околу 20.000 луѓе, дворци, згради, храмови, театри и термални бањи зачувани засекогаш во моментите на нивната смрт се сведок на неуморливата сила на природата. Денешната Помпеа заради овој настан ја носи титулата град музеј и е под заштита на УНЕСКО и е една од најпознатите туристички дестинации во Италија и годишно го посетуваат повеќе од два милиони жители. Во договорено време поаѓање кон Неапол и слободно време за прошетка низ Неапол каде што ќе може да ги видите градскиот плоштад, општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневна посета на Позитано, Амалфи и Соренто. Се упатуваме во Поситано, рибарско место со шарени куќи сместени на карпи каде што ќе можете да направите прекрасни панорамски слики ..Кратка пауза 20 минути за панормско разгледувањ и патот го продолжуваме кон Амалфи. Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Овој град заради прекрасните пејсажи се смета за едно од најспектакуларните места во Европа.Самото возење покрај брегот го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај море го комплетираат впечатокот. Амалфи е под заштита на УНЕСКО заради својата исклучителна убавина.Овде ќе се прошетаме до катедралата Св. Андреја која има впечатливо скалило и украсна фасада. Ќе имаме слободно време за едно еспресо, лимончело или аперол. Поаѓање за Соренто во договорено време. Пристигунување во Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот.…препорака да се посетат: плоштадот Torquato
Појадок. Одјава од хотел. Се упатуваме кон Матера, град сместен во јужниот дел на Италија, токму онаму каде започнува потпетицата на Италија. Се наоѓа во областа Базиликата, и од 1663 година до 1806 година бил прогласен за главен град на оваа област. Во 2019 година е прогласен за најдобра дестинација во светот и престолнина на Европската култура. Главна атракција на Матера е Саси или пештерската населба. Градот започнува да заживува дури во деведесетите години, кога Матера е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Оттогаш градот продолжува да инвестира во своето културно наследство. Старите обновени пештери, црквите, улиците и камбанариите ќе ви го одземат здивот. Ќе се напиеме кафенце или пулиски ликер, во пештерата стара 2000 години, ќе ја посетиме надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 година. Овој магичен град е просторот каде што времето застанало. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура… Ќе прошетаме покрај пештерните куќи стари 9000 години, како во временска машина која те враќа назад и те шета низ вековите. Заради уникатната, единствена архитектура во Матера се снимени над 40 филмови, Во 1964 год. Пиер Паоло Пазолини го сими“Евангелието на Мaтеј”, но најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм “Пасија” во 2004 година. Во попладневни часови, поаѓање кон пристаништето на Бари и качување на траект за Игуменица. Ноќевање на траект.
Пристигнување во Игуменица, и продолжување на патот кон Македонија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во попладневните часови