Mонте Карло 29.12 – 02.01.2025

ноември 18, 2024

 

Нова година во Монте Карло

770€ / по лице

29.12 – 02.01.2025

5 дена / 4 ноќевања.  Авионски превоз

Цена : 770 €

План на патувањето

1. ден: Скопје– Ница

Средба на патниците на Меѓународниот аеродром во Александар Велики Скопје во 12:40 Полетување за Ница преку авиокопанијата Air Serbia. пристигнување во Ница во 19:30 часот. По пристигнувањето, трансфер до хотелот Ница и сместување. Ноќевање.

2. ден: Ница

Појадок во хотелот. Разлед на Ница со локален водич и прошетка по Променад дез Англе, едно од најпознатите шеталишта на азурниот брег, плоштадот Масена и познатото Хотел Негреско – симбол на Ница Слободо ден за разглед и уживање во Ница.

3. ден: Ница – Антиб – Кан – Монако –

Појадок. Денот е посветен на факултативен излет до најпознатите дестинации на Азурната Обала: Антиб: Овој шармантен град се одликува со богата историја и култура. Ќе го посетиме Пикасовиот музеј, каде што се изложени дела од овој генијален уметник кои тој ги создавал додека престојувал во Антиб. Кан: Познат по својата Фестивалска палата и еден од најпознатите филмски фестивали на светот. Прошетка низ Кроазета и уживајте во луксузните продавници и ресторани. Монако и Монтe Карло: Обиколка на Кнежевината Монако со посета на Палатата на Грималди, Црквата Свети Никола, и Океанографскиот музеј. Потоа, продолжуваме до познатото Монтe Карло, време за да ја доживееме новогодишната атмосфера во градот. По целодневниот излет, вечерта ќе имате можност да го прославиме Дочекот на Нова Година во Монтe Карло, на најпрестижниот плоштад пред Казиното. Со музика, светлосни ефекти и голем огномет, ќе започнеме Нова 2025 година. Враќање во Ница по полноќ. Ноќевање.

4. ден: Ница – Ез – Монако – Монтe Карло

Појадок. Денот започнуваме со факултативен излет до Ез, старо медитеранско село познато по својата прекрасно сочувана архитектура и Фабрика за парфеми Фрагонар, каде ќе научиме за процесот на создавање парфеми. Следува продолжување на патувањето до Монако, каде ќе ја посетиме Палатата на Грималди и Екзотичниот ботанички парк. Ќе имаме време да прошетаме низ улиците на оваа минатурна, но неверојатно убаво уредена држава. На крајот, слободно време за шопинг или кафе во Монтe Карло. По завршувањето на обиколката, враќање во Ница и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

5. ден: Ница – Скопје

Ран Појадок.. Трансфер до аеродромот во Ница за лет во 09:15. Пристигнување во Скопје во 14:35
Цена : 770 €

Цена вклучува:

Повратен билет Скопје – Ница со Air Serbia

4 ноќевања со појадок во NOVOTEL SUITES NICE AIRPORT 4*

Трансфери од аеродром до хотел и обратно

Услуги на водич за време на обиколките

 

Не е вклучено:

Факултативни излети:

Ница со локален водич : 25 €

Антиб – Кан – Монако – 35 €

Дочек на Нова Година во Монтe Карло – 40 €

– Ез – Монако – Монтe Карло – 35€

ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ = 130 ЕУР

Доплата за еднокреветна соба: 100 €

Патничко здравствено осигурување

Индивидуални трошоци на патниците

Плаќање:

Готовинско плаќање: 30% при резервација, остатокот најкасно 15 дена пред патувањето