8 Март- Белград, Нови Сад и Шумадија

8 Март- Белград, Нови Сад и Шумадија

8ми Март – Белград, Нови Сад и Шумадија

Белград е еден од најстарите градови во Европа, кој се наоѓа на сливот на реките Сава и Дунав. Тоа е неверојатен град кој едноставно повикува со својата уникатна и мистериозна атмосфера, како и бизарна мешавина на источната и западната култура.
Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина. Втор град по големина во Србија, по Белград. Градот изобилува со стари историски градби, со многу цркви, катедрала, синагога, тврдина, плоштади и други историски знаменитости. Покрај српскиот јазик, се користат и унгарскиот, словачкиот и панонскорусинскиот јазик.
Шумадија е област во Србија, која што го добила името по шумите кои некогаш опфаќале најголем дел од нејзината територија. Во срцето на Шумадија, под зелениот чадор на планината Букулја се наоѓа Аранѓеловац, а во него една од најубавите бањи во Србија – Буковичка бања. Овде се наоѓа и местото Топола со црквата Пресвета Богородица кој ја има изградено Караџорџе.
Со оваа наша Осмомартовска програма ќе може да уживате во убавините на Белград, Нови Сад и Шумадија.

8ми Март – Белград, Нови Сад и Шумадија

ПРОМО  ЦЕНА 79 евра/ 4.900 мкд за резервација до 22.02

Цена на аранжманот  89 евра / 5.520 мкд

Термин 06.03.-08.03.2020

Програма за патување:

Ден 1

06.03.2020- Петок

Состаник на групата во 02.30час на Дрво Декор. Тргнување за Белград во 03.00час, возење преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Белград околу 10 часот и се упатуваме на разглед на градот со локален водич: (Булевар Револуција, Собранието, плоштад Никола Пашиќ, Теразије, Кнез Михајлова, црквата Св.Сава, Калемегдан, Скадарлија…).

По завршувањето на разгледот сместување во хотел. Слободно време.

Ноќевање.

Ден 2

07.03- Сабота

Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна екскурзија во Нови Сад. Разглед на градот со водич (Театарот, Плоштадот на Слободата, катедралата “Имена Маријаниног“, улицата Змај Јовина, Владичански двор- најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Св. Великомаченик Ѓеорѓие, Музеите на Нови Сад и Војводина, Дунавски парк, мостот на Дунав, Петроварадинската тврдина). Враќање во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера на Скадарлија.

Ноќевање.

Ден 3

08.03- Недела

Појадок. Одјавување од хотел и продолжување на патот кон Аранѓеловац со задолжителна ескурзија (од 5еур) низ Шумадија.

Посета започнува со Топола, место во непосредна близина на Аранѓеловац. Во Топола бил Караџорџев град подигнат 1811-1813 година, Караџорџе овде ја гради црквата Пресвета Богородица каде што внатре се наоѓаат гробниците на неговата Династија. Од овде се упатуваме во посета на локална винарија. Овој дел е познат по производство на вино и ќе може да го вкусиме истото. Ќе ја посетиме и пештерата Рисовача, значајно археолошко и палеонтолошко наоѓалиште во Аранѓеловац и Народниот Музеј. Слободно време за ручек во Аранѓеловац

Во попладневните часови заминување кон Македонија со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ПРОМО  ЦЕНА 79 евра/ 4.900 мкд

Цена на аранжманот  89 евра / 5.520 мкд

Аранжманот вклучува:

– Автобуски превоз

– 2 ноќевања со појадок во хотел-брод Compass River City 3*

– Разглед на Белград со локален водич

– Пратител и организација на патувањето

Аранжманот не вклучува:

– Посета и разглед на Нови Сад со локален водич – 15 евра

– Задолжителна посета на Шумадија (Топола, Винарија и Аранѓеловац)- 5 евра

– Влезници во историски знаменитости и индинидуални трошоци

– Задолжително патничко осигурување 250 мкд

29