Интерхотел Сандански 4* -промо пакет 6 ноќевања

Интерхотел Сандански 4* -промо пакет 6 ноќевања

Интерхотел Сандански 4*

Инфо за хотел :

Интерхотел Сандански е лоциран во југозападниот дел на Бугарија, регион кој е најпознат по лековитата клима и термалните извори. Хотелот е лоциран во самиот центар на Сандански, на само неколку чекори од живописниот градски парк, поголемите продавници и во близина на многу споменици и историски знаменитости. Интерхотел Сандански го нуди еден од најголемите медицински центри за лекување и рехабилитација на Балканскиот Полуостров. Хотелот има 285 удобни соби и суити, три ресторани, лоби бар и пул бар. Гостите може да користат три базени со минерална вода, од кои еден е со температура на водата38°C.Комплексот во својот состав има 5 новоизградени тениски терени, прикладни за организирање на професионални турнири. За семинари, настани, работилници и слично, хотелот има на располагање 4 конференциски сали со капацитет од 30 до 250 места, како и простор за изложби и презентации.

Група 1 – 25.10-31.10.2021

Група 2 – 01.11-07.11.2021

Група 3 – 08.11-14.11.2021

Група 4 – 15.11-21.11.2021

Цената на аранжманот изнесува: 16.300,00 денари 

Цената вклучува:

►6 ноќевања со појадок
►Користење на спа центар
►Сместување во 1/2 соба
►Автобуски превоз
►Бесплатен интернет
►Такса

Цената не вклучува:

► PCR тест
►Индивидуални трошоци
►Доплата за еднокреветна соба 7.100,00 денари

Спа центарот вклучува:
►Користење на сауна, парна бања и фитнес центар
►Користење на затворен базен со минерална вода од 33с
►Користење на отворен базен со минерална вода од 33c
►Користење на термален базен со минерална вода 39с
►Лежалки покрај базен

Напомена:

Се патува со пасош и две дози вакцини со поминати 14 дена од втората вакцина или негативен пцр тест не постар од 72 часа

Сите патници кои што имаат уплатено во нашата агенција и не го искористија правото на патување поради COVID 19 Ве известуваме истиот аранжман ќе можете да го реализирате со Вашите ваучери во погоре наведените термини.

Ваучерите можат да се искористат до 31.12.2021.

Напомена : Ве молиме почитувајте ги препорачаните мерки против COVID-19 за Ваша и наша заштита, следете ги препораките и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.

 

Важни информации:

  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето доколку користат превоз.
  • За резервација на аранжманот е потребно 30% уплата од вкупната сума
  • Препорачуваме патничко осигурување во агенција поради новите протоколи
  • Ве информираме за новите настани околу Ковид-19 користење на превоз капацитетите во автобус/минибус ќе се користат согласно протоколот од 75% капацитет
  • Побарајте Договор за патување
  • 31