Секој Викенд во Ноември! ПРОЛОМ БАЊА со автобус

01. Ден (Петок)   СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај Хотел Вип спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања во пладневните часови и сместување во хотел Радан. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.2. Ден (Сабота) ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ

Појадок. Во 10.00 часот заминување на организиран претпладневен излет со локален туристички водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.3. Ден (Недела) ПРОЛОМ БАЊА – ЦРКВА ЛАЗАРИЦА

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на прошетка со локален туристички водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Зaминување за Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

ТЕРМИНИ

Услуга

Цена

01.11-03.11.2019

2FB

89€ / 5.520,00 ден.

08.11-10.11.2019

2FB

99€ / 6.140,00 ден.

15.11.-17.11.2019

2FB

99€ / 6.140,00 ден.

22.11.-24.11.2019

2FB

99€ / 6.140,00 ден.

29.11.-01.12.2019

2FB

99€ / 6.140,00 ден.

 – Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)

– Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера

– Користење на внатрешниот комплетно покриен базен со Пролом вода

Влезница во Велнес Центар во времетраење од 2 часа: (новиот отворен/покриен базен, сауна, солена соба, џакузи базен, парна бања и топли клупи.

– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билљард, пинг понг, тенис, пикадо)

– Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич

– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич (2.4km) во правец

– Туристичка такса Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување 100мкд

– Индивидуални трошоциПопусти и опционални доплати:

Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860мкд

– Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд

– Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд

– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% (на барање)

– Намалување за сопствен превоз –10€/620мкд по патник

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620мкд (мин. 2 седишта)

– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170мкдВажни напомени:

– Оваа програма се разликува од останатите групни патувања за Пролом Бања по ограничената можност за користење на велнес центарот.

– Сите содржини надвор од програмата се доплаќаат на лице место ценовник може да погледнете на следиов линк: https://prolombanja.com/wellness/cenovnik

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни услови да ја промени програмата или да ги откаже излетите.

– Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.