САЛЦБУРГ – МИНХЕН – ИНСБУРГ

САЛЦБУРГ – МИНХЕН – ИНСБУРГ

   Салцбург – Минхен – Дворците на Баварија – Светот на Сваровски – Инсбург

 

1 ден (петок ) 06.03.2020                           СКОПЈЕ – САЛЦБУРГ

Состанок со групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn 11:30 ч и поаѓање за Салзбург во 12:00ч . Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (сабота) 07.03.2020                           САЛЦБУРГ- МИНХЕН

Пристигање во Салцбург. Разглед на градот : градина на Дворецот Мирабел, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8 векСлободно време за одмор и индивидуални активности. Во договорено време заминување за  Минхен. Пристигање и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден (недела) 08.03.2020                          МИНХЕН

Појадок.По појадокот следи  разглед на градот со локален водич: Дворецот Нимфенбург( без влезница), летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен со можност за посета на најстарата пивница (Hofbräuhaus München). Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден ( понеделник) 09.03.2020           ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА ( Ноешванштајн и Линдерхоф) – Оберамергау

Појадок. Факултативно, посета на бајковитиот дворец Ноешванштајн еден од трите дворци на Лудвиг II , подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови. Потоа следи посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност го преуредил во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи на средства). Целодневното патување низ живописната Баварија завршува со посета на малото гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на патот на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на подготовките и одржување на свеченоста. Голем број сцени од Христовото страдање се насликани на скоро секоја фасада на куќите од ова мало градче по што е и препознатливо. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден (вторник) 10.03.2020                        МИНХЕН – Светот на Сваровски ( Swarovski Kristallwelten), Ватенс- Инсбург

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Ватенс. Посета на Музејот на Сваровски кристалите. Сваровски е водечки светски произведувач на брусени кристали ширум светот, а нивните кристали се дел и од креациите на повеќе познати светски дизајнери. По завршување на обиколката на магичниот свет од кристали со импозантен влез, зелен брег во форма на глава со очи од кристали и уста од која извира водопат. Можност за купување накит од Сваровски кристалите по фабрички цени во продажниот салон во комплексот. Потоа, прошетка  низ еден од наубавите австриски градови Инсбург именуван по реката Ин која поминува низ него.Слободно време. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (среда) 11.03.2020                             СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  209 еур за уплата до 17.02.2020

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената дестинација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Bento Inn Munich Messe 3*** (https://bento-inn-munich-messe.hoteles-munich.com/en/)
  • Прошетка низ Инсбург
  • Професионален лиценциран пратител за време целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Разглед на Салцбург 10 еур ( задолжителна доплата)
  • Разглед на Минхен 10 еур ( задолжителна доплата)
  • Влезница за Дворците на Баварија (Ноешванштајн и Линдерхоф) и посета на Оберамергау – задолжителна доплата 40 еур
  • Посета и влезница за Светот на Сваровски кристалите Swarovski Kristallwelten 30 еур – задолжителна
  • Задолжително патничко осигурување

  НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска протввредност 1 евро = 62 денари

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата како и цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

1