Потценети дестинации за патување кои заслужуваат внимание

Големите и познати градови како Париз и Рим се на листата на секој кој сака да го пропатува светот, но постојат многу други не многу познати дестинации кои  заслужуваат внимание, а кои не се ништо полоши од познатите туристички места кои се секогаш поскапи и полни со туристи.

1) Берген, Норвешка

Берген е вториот по големина град во Норвешка и има многу да понуди. Неговата историска пристанишна област е прогласена за светско наследство на UNESCO, а меѓу другото е и идеална дестинација за љубителите на водените спортови кои можат да возат кајак или одат на рафтинг низ познатите норвешки фјордови.

2) Ангила, британска територија на Карибите

Ангила е прогласена за остров на Карибите со најдобри плажи, а островот има ембарго за крстосувачки бродови, казина, па дури и високи хотели.

Заливот Шоал е една од најдобрите плажи на островот, а според рецензии на некои туристи и на светот.

3) Историските села во Ширакава-го и Гокајама, Јапонија

Традиционалната форма на јапонската архитектура која ги карактеризира куќите во овие историски села еволуирала да ги издржи природните елементи, а трите села Огимачи, Аинокура и Суганума се прогласени за светско наследство на UNESCO

4) Националниот парк Цицикама, Јужна Африка

Посетителите на овој парк можат да пливаат, планинарат, возат велосипед, како и да ги набљудуваат делфините по кои паркот е познат.

5) Oстровите Фарое, Данска

Лоцирани во Северниот Атлантик помеѓу Шкотска и Исланд, овие острови се состојат од 18 вулкански острови кои се протегаат на површина од 112km.

6) Апулија, Италија

Регионот Апулија кој ја формира „штиклата“ на Италија, честопати е занемарен во полза на попознати италијански дестинации како Тоскана. Најпрекрасните плажи тука се наоѓаат во Polignano a Mare, Torre Canne и Gallipoli.

7) La Roque-Gageac, Франција



Лоцирано на реката Дордоња, ова село е познато по неговите жолти куќи изградени од карпи во традиционалниот стил Перигорд, а во него има тврдина од 12-тиот век и егзотична градина. Одличен начин да се разгледа регионот е тура со балон со топол воздух.

8) Леон, Никарагва

Леон бил основан во 1524 од шпански освојувач, правејќи го еден од најстарите колонијални градови на американските континенти. До 1857-ма тој бил и главен град на Никарагва, а преполн е со цркви, музеи и прекрасна архитектура.

9) Плажата Наирн, Шкотска

Ова е една од најдобрите плажи во Обединетото Кралство, според анкета на читатели на The Telegraph. Популарната летна дестинација е позната по песочните дуни и делфините.

10) Буковина, Романија и Унгарија

Буковина е историски регион кој се граничи со Романија, Унгарија и Карпатите, полн со манастири и цркви декорирани со фрески од 15-тиот и 16-тиот век кои одлични примери за византиската уметност.