ПОРТУГАЛИЈА за Велигден

Авион 8 дена / 7 ноќи

Цена за уплата до 15 Декември:695€ (43.090 денари)

Цена за уплата до 15 Јануари:760€ (47.120 денари)

Цена за уплата до 15 Февруари:790€ (48.980 денари)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:820€ (50.840 денари)

1.ден 18.04.2020 (Сабота) СКОПЈЕ – СОФИЈА – ЛИСАБОН

Во раните утрински часови предвидено поаѓање за Софија. Пристигнување на интернационалниот аеродром на Софија .Полетување за Лисабон во 11:45h по локално време (W6 4373), слетување во 14:05 h во Лисабон, организиран трансфер до хотел и сместување \. Разглед на главниот и најголемиот град на Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио,срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт,Плоштадот Комерцио,Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним,кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.Можност за посета на ресторант со традиционална португалска музика-Фадо.Ноќевање.

2.ден 19.04.2020 (Недела) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ

Појадок.По појадокот заминување на прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот изграден за потребите на ЕXPO ’98.Последната најголема светска изложба во 20-ти век,денес преставува футуристички архитектонски комплекс.Тоа е Комбинација на многубројни изложбени простори,привлечни шеталишта,најголемиот океанографски музеј,продавници и ресторани.Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа 17км ,,Васко де Гама”. Во

попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама.

Тој преставува најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на прекрасен лавиринт со тесни калдрмени улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Враќање во хотел. Ноќевање

3.ден 20.04.2020 (Понеделник)ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ

Појадок.По појадокот организиран целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г.УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство.Патувањето продолжува кон Кабо де Рока-кое е најзападната точка на континентална Европа.Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот.Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил.Денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи.Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање

4.ден 21.04.2020(Вторник) ЛИСАБОН – ОБИДОШ – АЛКОБАСА – БАТАЉА – НАЗАРЕ – ЛИСАБОН

Појдок.По појадокот организиран целодневен фалкутативен излет Ободиш,Алкобаса,Батаља,Назаре ,идеална можност да се запознаете со централниот дел на Португалија.Ободиш е најдобро сочуван средновековен град во Португалија.Целиот е обиколен со средновековена тврдина висока 13 метри и која датира од 12 век.Познат е како „поклонет град“ прекарот го добил од Кралот Дениш кој го поклонил на својата сопруга кралицата Изабела за нивната венчавка во 1282 година.Без сомнение ,едно од најрмоантичните и најживописните села кои одликуваат со тесни,калдрмни улици исполнети со шарени куќи прекриени со цвеќе,карактеристични готски врати и прозори.Алкобаса е град познат по манастирот Света Марија,најголемата црква во цела Португалија од 12-13 век,кој всушност е споменик на листа на споменици под заштита на UNESCO.Во манастрирот се погребани најпознатите љубовници португалска историја – крал Педро и Инес де Кастро,а нивната гробница се смета за најубава готска рељефна скулптура во историја на португалска уметност. Во Батаља се наоѓа манастир Света Марија (Santa Maria da Vitoria), најголемото ремек-дело на португалската готска уметност.Изградена на крајот од 14 век која исто така се наоѓа на листа под заштита на UNESCO.Назаре е некогашно најпознато рибарско место во Португалија познато по карактеристични рибарски бродчиња во разни бои,денес живописно и популарно туристичко место кое се одликува со долги песочни плажи ,одлични рибарски ресторани и пазари.Враќање во Лисабон. Ноќевање.

5.ден 22.04.2020 (Среда) ЛИСАБОН- ПОРТО

Појадок. По појадокот одјвување од хотел и заминување кон Порто. Организиран трансфер до Порто со попатна посета на Фатима и Куимбра. Иако во минатото Фатима преставувала село, денес е важен центар на аџилак на католичките верници.Името го добива по муслиманската принцеза Фатима, која што била грабната од христијанските сили и христијанизирана на сила.

Коимбра, четвртиот најголем урбан ценатар во Португаилја (по Лисабон, Порто и Брера), кој се протега долж реката Мондего. Покрај големиот број на историски знаменитости од посебно значење е Универзитетот Коимбра, најстарата академска институција во Португалија, основана во 1290. година, во минатото имал и свој сопствен суд и затвор за студенти и професори кој се наоѓал под библиотеката.Пристигнување во Порто. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање

6.ден 23.04.2020 (Четврток) ПОРТО

Појадок. По појадокот заминуваме за разглед на Порто. Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готички стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос, Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)…Разглед на градот со попатна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино. Можност за прошетка по квартот Рибеира и пловидба со традиционален чамец. Ноќевање

7.ден 24.04.2020 (Петок) БРАГА – ГИМАРАЕШ

Појадок.Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Брага и Гимараеш – најживописната провинција на Португалија – “зеленото Мињо”. Брага е прекрасен средновековен град полн со историја, многу цркви и манастири. Посета на катедралата и стариот дел на градот . Слободно време за самостојна посета на цркватата “Bom Jesus do Monte” – барок “летечки” скали на светилиштето кои се една од најпознатите португалски знаменитости (до црквата се доаѓа со жичница која се плаќа на лице место од страна на туристите). Поаѓање за Гимараеш – познат како “родно место” на Португалија, првата престолнина на Португалското кралство, каде нацијата е родена во XI век. Прошетка во стариот град меѓу асфалтирани улици и плоштади кои граничат со стари куќи – средновековен ансамбл, вклучен во Листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО: плоштад “Св. Јаков “и црквата за аџилак” Носа Сењора да Оливеира “. Враќање во хотелот. Ноќевање.

8.ден 25.04.2019 (Сабота) ПОРТО – ЛИСАБОН – СОФИЈА – СКОПЈЕ

Појадок.По појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром во Лисабон лет во 14:45h (W6 4374,слетување во Софија во 20:40h. Органзииран трансфер од Софија. Пристигнување во Скопје по полноќ.

Во цена е вклучено:

  • Авио билет на релација Софија – Лисабон- Софија со авио компанијата Wizz Air
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
  • 4 ноќевања со вклучен појадок хотел со 4* во Лисабон
  • 3 ноќевања со вклучен појадок хотел со 3+* во Порто
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Трансфер на релација Лисабон – Порто – Лисабон
  • Трансфер на релација Скопје – Софија – Скопје
  • Разглед на Лисабон со локален водич
  • Разглед на Порто (hop on- hop off)
  • Посета на градовите Фатима и Коимбра
  • Лиценциран придружник за време на целото патување
  • Целосна реализација и организација на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски такси 140€ (8.680 мкд)
  • Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена – 75€ (ораганизиран приватен трансфер и локален водич)
  • Фалкутативен излет ОБИДОШ – АЛКОБАСА – БАТАЉА – НАЗАРЕ 60€ (ораганизиран приватен трансфер и локален водич)
  • Фалкутативен излет БРАГА – ГИМАРАЕШ 45€ (ораганизиран приватен трансфер и локален водич)
  • Туристичка Такса-20€ во агенција при резервација.
  • Влезници во музеи и културно историски споменици
  • Карти за локален превоз
  • Патничко- здраствено осигурување

НАПОМЕНИ

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 18 патника. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени цената на аранжманот, доколку не се оствари минималниот број на патници
  • Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголем и цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патување