Нова година 2020: Будва – Дубровник – Котор (со автобус)

1 ден: 30.12.2019 год.

Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот; Кочани 19.45 часот; Штип 21.00 часот; Куманово 21.30 часот). Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 31.12.2019 год.

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2020 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма и новогодишен концерт. Ноќевање.

3 ден: 1.1.2020 год.

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах – заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија.. Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава и реприза на новогодишната ноќ пред платото на Стариот град во Будва со богата музичка програма. Ноќевање.

4 ден: 2.1.2020 год.

Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Котор. Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св.Лука, Св.Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. На договорено време, заминување за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во вечерните часови.

89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување

65 евра (3.990 денари) за приватно сместување

Гратис излет до КОТОР !!!

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово)
  • Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
  • Посета на Св.Стефан;
  • Гратис полудневен излет до Котор;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Целодневен излет до Дубровник (10 евра);
  • Влезници за посети;
  • патничко осигурување

НАПОМЕНА:

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.

25