29.12.2019 – 01.01.2020
4 ДЕНА / 3 НОЌИ
ДИРЕКТЕН ЧАРТЕР ЛЕТ
(аеродромски такси вклучени во цената)
РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ВАЖИ ДО 31.ОКТ.2019

ХОТЕЛ

Тип на соба

услуга

29.12

Број на ноќи

3

1/2 СОБА

459

RAFAEL VENTAS 4*

1/1 соба

НД

589

Дополнителен кревет

445

1. дете (2-12)

445

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Ден 1 – 29.12. НЕДЕЛА – БЕЛГРАД-МАДРИД

Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување за Мадрид JU570 во 06:00ч. со авио компанијата Air Serbia. Слетување во Мадрид во 09:15ч. По завршување на сите формалнисти, организиран разглед на градот: Шпанскиот плоштад, Гран Виа, Пуарта дел Сол (сончевата капија),Плаза Маиор(главен плоштад),Пуерта де Толедо, паркот Ретиро, Плоштадот Сибелес,стадионот Сантиаго Бернаби….Трансфер до хотел.Сместување.Ноќевање.

Ден 2 – 30.12. ПОНЕДЕЛНИК – МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок.Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет до Толедо. Толедо е средно вековна престолнина на Шпанија, одалечен 70км од Мадрид. Според легендата, го основале еврејските колонисти кој му го дале и името. Интересна историја и народи кој го освојувале оставиле сопствен печат во развојот на градот. Шпанска престолнина останува се до 1561ч.,кога славата и значењето го превзема Мадрид.Толедо е познат и како град во кој живеел и творел прочуениот сликар,вајар,архитекта и книжевник Ел Греко (потекло од Грција од Крит),крајот на XVI и почетокот на XVII век… Враќање во Мадрид.Ноќевање.

Ден 3 – 31.12. ВТОРНИК – МАДРИД – СЕГОВИЈА

Појадок.Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет до Сеговија,град кои се наоѓа во регионот Кастиља и Леон, одалечен околу 180км од Мадрид.Главните одбележувања на градот се нај добро сочуваниот римски аквадукт,катедралата и дворецот, поради ова Сеговија е сврстена на листата клутурно наследство под заштита на Унеско. Каректаристична панорама на овој град се зградите изработени од теракота варовник,сместена на брдото кастиља која го опкружува Сијера де Гуадарама. Обиколка на стариот дел на градот: Пласа Мајор, панорама на Катедралата, плоштадот Св. Мартин,благородниот кварт со палми и цркви. Обиколка на дворецот Алказар и пауза за индивидуална обиколка и прошетка. Враќање во Мадрид. Индивидуален дочек на Новата година . Ноќевање.

Ден 4 – 01.01. СРЕДА – МАДРИД – БЕЛГРАД

Појадок.Напуштање на хотелот.Слободно време за индивидуални активности.Трансфер до аеродром за лет JU575 во 21:00ч.

за Белград.Слетување предвидено во 23:55ч. Крај на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 3 ноќевања во хотел Рафаел Вентас 4* на база ноќевање со појадок
  • Авионски превоз на релација Белград – Мадрид – Белград
  • Аеродромски такси во висина од 90€ – на денот на објавување на програмата,истите подлежат на промена и кои се наплаќаат во агенција
  • Багаж: рачен до 8кг по лице, торба/куфер до 23кг по лице
  • Трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Панорамско разгледување на Мадрид
  • Пратител на група и трошоци за организирање на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци на патникот

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Толедо – цена на излетот 69€ по лице
  • Сеговија – цена на излетот 60€ по лице
  • Локалната агенција (организатор на факултативните излети) го задржува правото на промена на цена,ден на реализација и минимален број на патници
  • Сите цени се од информативен карактер, за минимум 15 патници пријавени

ОПИС НА ХОТЕЛОТ:

RAFAEL VENTAS 4* – www.hotelsterlingmadrid.com

Хотелот се наоѓа во една од нај познатите авении во Мадрид, Calle Alcala, позната по многу бројните продавници и ресторани. Во непосредна близина е и прочуената зграда Лас Вентас, арена во која се одржуваат кориди. Од главниот градски плоштад Сол, хотелот е одалечен неколку станици на метро со дирекна линија. Метро станицата Ел Кармен е одалечена 100м од хотелот. Соби: хотелот располага со 111 соби,секоја соба има купатило,клима уред,тв,мини бар, интернет конекција со доплата, сеф и фен.Хотелска содржина: во склоп на хотелот се наоѓа и ресторан Ел Капоте во кој се послужува традиционална шпанска и интернационална храна и бар. На располагање се и паркинг и интернет со доплата.

Организаторот на патувањето го задржува правото на замена на хотелот со хотел од иста категорија.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Плаќањето се врши исклучиво во денари по курс 62мкд/1€ , при правење на резервација се уплаќа 40% аконтација (рана резервација 50%) од цената на аранжманот,а остатокот 15дена пред поаѓање. Плаќање со сите платежни картички и можност за уплата преку сметка на сметка на Ин Травел Сервис.

ПОТВРДА НА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ХОТЕЛ се добива 24 часа по уплатата на аконтацијата.

ЦЕНА ЗА ДЕЦА: При пријавување на имињата на патниците за аранжман обавезно е да се наведе датум на раѓање на децата кои се најавуваат во хотел. Хотелот го задржува правото да на лице место наплати трошоци произлезени од неточното пријавени податоци од страна на патникот.

НАПОМЕНА: Во случај неадекватен смештај или било каков друг проблем, се молат патниците да за тоа го обавестат ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО уште првиот ден на престој. Ве молиме да во случај на било каква инцидентна ситуација (кражба,тепачка,сообраќајна незгода…) да се обратите на надлежните органи на земјата домаќин. Организаторот на патувањето е единствено овластен да ви помогне во посредувањето помеѓу вас и надлежниот орган.

МИНИМАЛЕН БРОЈ НА ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА СЕ 20 ПАТНИЦИ

39