Неодоливите Кариби

MSC CRISES OPERA

Инспирирана од Софија Лорен, МСЦ Дивина ви ја носи целата елеганција и гламур на златното доба на линиите за крстарење на еколошки нов начин. На неа ќе ја најдете секоја модерна удобност, најразлични спортови, рекреативни простории и забава од светска класа, вклучувајќи ги и клубовите за деца и тинејџери за да обезбедите среќа секому.

КРСТАРЕТЕ ПО НЕОДОЛИВИТЕ КАРИБИ

Мајами – Курасао – Аруба – Јамајка – Кајмански Острови – Бахами

Поаѓање од Белград на 25 февруари 2020, пакет аранжман автобус + брод (16 дена, 14 ноќевања)

Во аранжманот не е вклучен превоз до Белград.

Белград

1 ден | 25 февруари, вторник

Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла” во Белград во 07:00 ч. два часа пред полетување. Полетување на авионот во 09:00. Слетување на аеродромот во Истанбул во 12:40. Полетување за Мајами во 15:10 ч.. Слетување во Мајами во 20:05 ч. по локално време. После царински формалности, трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Мајами, Соединетите Американски Држави

2 ден | 26 февруари, Среда

Доручек. Слободно време за индивидуални активности. Запознавање со вториод по големина град на Флорида. Мајами е модерен и урбан град кој престставува една од најпосетените дестинации во САД. Покрај познатата “Miami Beach”а треба адсе посети и Фламинго Парк кој настанал далечната 1950 година. Музеј Визакаја кој го представува стариот дух на Мајами изграден во италијанско-француски стил. Miami Design Distrcict и Ocean Drive кои претставуваат најпопуларно место за кувуање и излегување, стропска ботаничка градина “Fairchilde” која е една од најголемите у најубавите во овој дел од светот. Мала Хавана – Кубанскиот кват за сите сакаат да го почуствуваат духот на Куба. Ноќевање.

Мајами, Соединетите Американски Држави

3 ден | 27 февруари, четврток

Доручек. Слободно време за индивидуални активности. Можност за факултатитвен излет во национален парк “Everglades”. Срцето на овој парк всушност е мочуриште и тоа најголемо од таков тип.  ОД животински свет може да се видат многу врсти на алигатори, крокодили, пантери, мечки, видри … Враќање во Мајами. Слободно време. Ноќевање.

Мајами, Соединетите Американски Држави

4 ден | 28 февруари, петoк

Појадок. Напуштање на хотелот околу 10:00. Трансфер до пристаништето во Мајами. Се качуваме на бродот MSC DIVINA и се сместувате во избраната кабина. Слободно време за индивидуални активности и запознавање со еден од најубавите бродови од високата класа Fantasia. Бродот испловува во 20:00ч. Вечера. Вечерни анимации со екипажот на бродот. Ноќевање

Пловидба
5 ден | 29 февруари, сабота

Појадок. Слободно време за индивуални активност и уживање во бродските простории и анимација за која е задолжен тимот на MSC. Ручек. Вечера. Ноќевање.

Вилемстад, Курасао
7 ден | 2 март, понеделник

Појадок. Бродот се укотвува во пристаништето во 9:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Островот припаѓа на Холандското кралство и претставува едно од трите најпосетувани места на Карибите. Курасао припаѓа на ABC групацијата, односно карипски остров кој се наоѓа надвор од ударите на ураганите. Убавата клима преку целата година и 38те различни плажи се причината за огромната заинтересираност од туристите. Морски аквариум, национален парк Кристофеил. Пештерата Хато, фарма на ноеви, се само неколку од предлозите како да го искорисите слободното време. Во Вилемстад секако треба да се посетат и старите делови Пинду и Ортобанду. Враќање на брод. Вечера. Бродот преноќува на пристаништето. Ноќевање.

Вилемстад, Курасао

8 ден | 3 март, вторник

Појадок. Уште еден ден за слободни активности и уживање на преубавите плажи на овој прекрасен остров. Курасое е дестинација на која можете да уживате во водени активности: нуркање, едрење, парасеилинг… Враќање на бродот. Бродот испловува во 18:00. Вечера. Вечерни анимации на бродот. Ноќевање.

Оранјестад, Аруба
9 ден | 4 март, среда

Појадок. Бродот пристигнува во пристаниште во 8:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Овој остров исто така спаѓа во групацијата ABC и е едно од најбараните дестинации на Карибите. Белиот песок и кристално чисто море, се заштитниот знак на овој остров. Покрај плажите вреди да се посети и резерватот со магариња. На овоој остров исто така се наоѓа и најголемиот резерват со лептири. Враќање на бродот. Бродот испловува во 18:00 ч. Вечера. Ноќевање.

Пловидба
10 ден | 5 март, четврток

Појадок. Слободно време за уживање во бродските активности и забава со професионалните аниматори од компанијата MSC. Ручек. Вечера. Вечерна анимација. Ноќевање.

Очо Риос, Јамајка
11 ден | 6 март, петок

Појадок. Бродот пристига во пристаниште во 8:00. Слободно време за индивидуални активности. Јамајка преставува трет по величина остров на Карибите. Очо Риос, на шпански значи Осум Реки. Токму тие реки како и кристалното море се главни карактеристики на градот и се причините зошто туристите од цел свет доаѓаат тука. Типичната архитектура на градот и хармонијата со бујната вегетација се главна одлика на градот. Оа место е препослно со таверни и мали продавнички кои ѓелно ги чекаат туристите од сите крашта на планетата. Секако треба да се посети водопадот на реката Дун, скоро 200 метри природни скалиа преку кои тече реката, а посоа од висина од 60м паѓа во морето. Јамајка исто така е и родно место на Боб Марли. Враќање на брод. Бродот испловува во 17:00 ч. Вечера. Вечерна анимација, Ноќевање.

Џорџтаун, Голем Кајман
12 ден | 7 март, сабота

Бродот пристигнува во пристаниште во 07:00 часот. Доручек. Слободно време за индивидуални активности. Островите го добиле името по Кајманите, врта на гуштери кои Европјаните во почетокот ги сметале за посебен вид на крокодили. Се состои од 3 острови: Голем, Мал и Брач. Островите претставуваат врвови на подводен гребен кој се протега до Куба. Главниот град исто го викаат и “Бавчата на Карибите”. Многу од градските улиси се украсени со дрвја, цвеќиња, додека во каналите за наводнување растат ловањи и водени лилјани кои се национален цвет на Гвајана. Покрај градската куќа, теба да се посети и црквата Св. Игнатија. Во непосредна близина се наоѓа прочуената плажа која е долга преку 7км. Враќање на брод. Бродот испловува во 18:00 часот. Вечера. Ноќевање.

Ден на море

13 ден | 8 март, недела

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и уѓивање во бродските простории и анимација за која е задолжен бродот на компанијата MSC. Ручек. Вечера. Ноќевање.

MSC остров, Бахами

14 ден | 9 март, понеделник

Појадок. Бродот пристига во пристаниште во 9:00ч. Слободно време за уживање во преубавата плажа и водени спортови. Ocean Cay е дел од групата мали острови Бимини, сместени на западните Бахами 104 км источно од Мајами. Враќање на брод. Бродот испловува во 23:00. Вечера. Ноќевање.

Мајами, Соединетите Американски Држави

15 ден | 10 март, вторник

По појадокот, го напуштате бродот. Слободно време до вечерните часови. Трансвер до најголемиот аултет трговски центар “Saw Grass”, слободно време до 19:00 ч. Трансфер до аеродром. Состанок на патниците на шалтерот на Turkish Airlanes во 20:00 ч. Полетување на авионот за Инстамнул во 23:15 ч.

Белград, Србија
16 ден | 11 март, среда

Слетување на аеродром во Истанбул, Турција во 17:15ч. Полетување за Белград 19:50 ч. по локално време. Пристигнуваме во Белград во 19:30 ч. Крај на програмата.

Возрасни од 18 до 99 години

Деца од 2 до 17.99 години

Деца од 0-1.99 години

Цена во ЕВРА по лице во избрана кабина

1/2

3. и 4. лице

1/1

Прво и второ дете и 1/3, 1/4

Прво и второ дете u 1/3, 1/4

Внатрешна кабина

2299

2099

1999

1799

2899

2649

1279

199

Прозорска кабина

2399

2199

2199

1899

3049

2849

1379

199

Балконска кабина

2599
2349

2349
1999

3149
2949

1479

199

ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНИ СЕ:

  • крстарење (12 дена / 11 ноќи) со крузер MSC Divina на релација Мајами (САД) – Вилемстад (Курасао) – Орањестад (Аруба) – Очо Риос (Јамајка) – Џорџтаун (Голем Кајман) – Оуш Кеј (Бахами) – Мајами (САД)
  • 3 ноќевања со појадок во Hotel River Park Hotel 7 Suites 2+* Miami – двокреветни соби.
  • Авионски превоз: Белград – Истанбул – Мајами и обратно
  • авио такси во износ од 481 € (подложни на промени)
  • пристанишни такси 170 €
  • сместување во одбрани двокреветни кабини, внатрешни категории во текот на крстарењето
  • по барање на патниците може да се добијат и трокреветни и четирикреветни кабини доколку истите се достапни за време на резервацијата.
  • проширен полн пансион (доручек, ручек, вечера, попладневен меѓу оброк). Сите оброци се служат или по систем на бифе послужување (шведска маса) или во ресторан по систем за изберено мени.
  • забава во бродски театар секоја вечер во текот на крстарењето и во бродските салони со разни видови на жива музика, диско клуб, караоке и тн.
  • користење на базен, фитнес сала, аква парк
  • Сите рекреативни забавни програми како и анимирање на децата во специјални простори во текот на патувањето.
  • Превоз со турситички автобус (audio, video, A/C) на релација по програма.
  • Водич низ целото патување
  • Трошоци за организација на патување.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Трансфер до Белград
  • Задолжителен бакшиш кој се плаќа на бродот и изнесува 10 € по возрасно лице на ден (плаќање на брод)
  • виза за Соединетитте Американски Држави 177€ по лице (идивидуално патникот ја вади визата)
  • Задолжително меѓународно здравствено патничко осигурување
  • пијачки на бродот, вклучувајќи вода за пиење, освен вода и пијалоци за време на појадок со кои патниците сами се послужуваат од термос по сиистем на шведска маса.
  • Факултативни излети во организација на бродот (информации и детали на рециепција на бродот)
  • Програми во посебен простор на бродот MSC aurea SPA – каде што патниците можат да се опуштат со разни масажи, турска бања, сауна, хидромасажни кади и др.
  • користење на спортски терени на бродот
  • користење на мини бар
  • забава во казино
  • останати лични услуги на бродот како што се: перење на алишта, room service, телекомуникации овозможени од бродот, фотографија, интернет конекција, пазарување во бродските продавници.