Краков

Краков

КРАКОВ 

Град со посебна атмосфера и извонредно топли и гостопримливи луѓе, град за истражување, провод и прошетка во минатото. Измешаноста на минатото со сегашноста го прави Краков по се единствен и никогаш исти. Придружете се и Вие и откријте го магичниот Краков за Денот на жената.

 05.Март 2020 / Скопје – Краков

Тргнување на автобусите од паркингот спроти Хотел Holiday INN во претпладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи.

 

06. Март 2020 / Полска – Краков

Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Се упатуваме на  запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија. Посета на Еврејскиот кварт Казимерц кој се наоѓа во стариот дел и е центар на ноќниот живот во градот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

07. Март 2020 / Краков –Аушвиц (факултативно)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979год е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални актиивности. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.

 

 

08.Март 2020 / Краков- Величка (факултативно) – Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Факултативен излет на Величка, познатиот рудник за сол, еден од најстарите на светот, кој од 1978 година е на листата на УНЕСКО. Разгледот трае околу 90 минути низ ходниците долги околу 2 км, на длобачина од стотина метри под земја. Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 09.03.2020.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:169 евра (10.480,00 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување на база на 2 ноќевања со појадок во хотел со 3***
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за време траење на аранжманот
  • Организација на патувањето
  • Разглед на Краков со водич

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување од 250 денари
  • Факултативен излет Аушвиц 35 евра
  • Факултативен излет Величка 35 евра
  • Факултативна вечера во национален ресторан
  • Индивидуални трошоци

1