Дочек на НОВА ГОДИНА во СОФИЈА

Автобус 3 дена / 2 ноќи

Софија се наоѓа во Софиската котлина цо централниот дел на западна Бугарија.Софија е главен град на Бугарија и е главниот административен , економиски и културен центар на земјата.Софија го носи името на доцно античката катедрала на градот “Света Софија” , а бидејќи Светата маченица Софија е мајка на Верата, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември, се слави како денот на Софија,а исто така се слави и 4 јануари, кога 1878 година руските војници го ослободиле градот од турско владеење.Па да ја започнеме Новата Година во градот на верата , надежта и љубовта.

1.Ден 30.12.2019 Скопје – Софија

Поаѓање од Скопје во 05:00 часот .Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Софија.Организиран разглед на градот со локален водич(градски полоштаф, Цумот, Парламентот, Националниот и Историски музеј, црквите Ротонда, Св.Софија, Св.Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата.Сместување во избраниот хотел.Слободно време за индивидуални активности.Во вечерните часови можност за факултативна посета на некој од бројните клубови во Софија.Ноќевање.

2.Ден 31.12.2019 Софија

Појадок . Слободно време за индивидуални прошетки или организирана посета на Ikea или Ring Mall .Дочекот на НОВАТА 2020 ГОДИНА на некој од плоштадите во Софија или слободна организација на дочекот во некој од локалните ресторани, кафичи или дикотеки.. .Ноќевање.

3.Ден 01.01.2020 Софија – Скопје

Појадок .Одјавување од хотелот во 10 :30 часот . Организирана посета за шопинг во Paradise Centar . Во попладневните часови тргнување за Скопје . Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Хотел Shipka 3* – Софија

За уплата до: 15.11.2019:60€ (3.720 денари) по лице

Цената на аранжманот:69€ (4.278 денари) по лице

Хотел Rila 4*- Софија

За уплата до:15.10.2019:87€ (5.394 денари) по лице

Цената на аранжманот:95€ (5.890 денари) по лице

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Разглед со локален водич
  • 2 ноќевања во избраниот хотел ( Shipka Hotel 3* ili Rila Hotel 4*)
  • Организирана посета на Paradaise Centar , Ikea, Ring Mall и Decalthon.
  • Придружник и организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Патничко осигурување
  • Tуристичка такса(2€ по лице од ден)
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

7