ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА БЕЛГРАД НОВИ САД – СОМБОР

29.12.19 СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Поаѓање за Белград од во договореното време и од договорено место. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

30.12.19 БЕЛГРАД
Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова и Калемегдан. Ноќевање.

31.12.19 БЕЛГРАД
Појадок. После појадокот посета на трговскиот шопинг центар Ушче како и слободно време во центарот на Белград. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Вечерта дочек на Новата 2020 година на плоштад со богата музичка програма. Ноќевање.

01.01.20 БЕЛГРАД – НОВИ САД – СОМБОР
Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад – разгледување со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина… Продолжување за Сомбор, кратка обиколка на центарот на градот па потоа се оди на “Салаш” – пречек со домашна ракија и богат салашки ручек со специјалитети на Војводинската кујна и домашни неограничени пијалоци во незаборавен амбиент придружуван од тамбурашка музика. Вечерта поаѓање за Македонија и пристигнување во раните утрински часови на 02.01.2020.   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5600 денари

Во цената се вклучени следните услуги:
– автобуски превоз на дадената релација
– сместување во хотел Слодес со 3* – 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Белград со локален водич
– организација и водство на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги
– здравствено патничко осигурување – 150 денари
– целодневен излет до Нови Сад, Сомбор и ручек со тамбурашка музика на Салаш со неограничено пиење и јадење – 30 €
– крстарење по Сава и Дунав – 10 €
– влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици.

  Напомена: Рок на пријавување до 21.12.18 година.
За овај аранжман важат општите услови за патување

 

10