Почетна > Destination > ЛЕТО 2019 > МАДЕИРА, ПОРТУГАЛИЈА

МАДЕИРА, ПОРТУГАЛИЈА

60336920_2253198858103691_1778597849068470272_n

03 – 13 јули / 12 ДЕНА / 10 НОЌИ

ОДМОР НА ОСТРОВ МАДЕИРА – ВОЛШЕБНИОТ ОСТРОВ!

35

ГРУПНО ПОАЃАЊЕ: 03.07.-13.07.2019 / Лет со авиокомпанија Lufthansa (Белград – Франкфурт – Мадеира – Франкфурт – Белград)
10 ноќевања во хотел со 4* на база појадок / трансфер – аеродром – хотел – аеродром

Рајскиот остров, всушност вулкански архипелаг –  Мадеира, како да е загубен во водите на Атланскиот Океан … Главниот град на островот Мадеира, а исто така, и покраина со истото име е Фуншал. Името го го добил по растението коморач. Од мајката земја Португалија е оддалечен 900 км, од африканскиот брег 600 км, а од Канарските Острови 400 километри. Овој архипелаг се состои од четири острови: Мадеира и Порто Санто се најголеми, a Дезертас и Селваженс се ненаселени. Издигнувајќи се како зелен смарагд од бесконечното синило, островот Мадеира  уште во почетокот на 19 век ја разбудил љубопитноста на светски патници, а на крајот на овој век, тој стана вистинската дестинација за одмор. Бескрајните плантажи зеленчук, банани и шеќерна трска се протегаат во недоглед. Стотици илјадници миризливи цвеќиња донесени од целиот свет ги украсуваат парковите, ботаничките градини и приватните дворови на градот Фуншал, така посетителите ќе се уверат дека целиот остров е всушност рајска градина.
Кон популарноста на Мадеира придонесе и еден од најдобрите фудбалери на 21 век – Кристијано Роналдо. Во неговиот роден град Фуншал е отворен музеј со негови лични предмети и бројни трофеи, а тој е и сопственик на хотел и ресторан.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1.ДЕН (03.ЈУЛИ) БЕЛГРАД – ФРАНКФУРТ – МАДЕИРА

Состанок на групата на аеродромот Никола тесла во 04:10h наутро. Лет за Франкфурт со авиокомпанијата Lufthansa (LH 1411 ) во 06:10h. Слетување во Франкфурт во 08:05h по локално време. Продолжување на патувањето за Мадеира со компанијата Lufthansa (LH 1170) во 10:15h наутро. Слетување на Мадеира во 13:30h по локално време. Трансфер до хотел. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.

2–10.ДЕН (03.ЈУЛИ – 13.ЈУЛИ) МАДЕИРА

Слободно време за разгледување, капење, шопинг, сончање и други активности.

11. ДЕН (13 ЈУЛИ) МАДЕИРА – ФРАНКФУРТ – БЕЛГРАД

Поаѓање од хотелот кон аеродром во договореното време. Лет за Франкфурт со компанијата Lufthansa (LH 2655) во 12:40h по локално време. Пристигнување во Франкфурт во 17:45h по локално време. Продолжување на патувањето за Белград (LH 1726) во 21:05h. Селтување во Белград во 22:35h по локално време. КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ПАКЕТ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА ИЗРАЗЕНА ВО 
ХОТЕЛИ УСЛУГА 11 ДЕНА / 10 НОЌИ
DOM PEDRO BAIA 4* MACHICO НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК

1.013 eur (62800 ден)

FOUR VIEWS OASIS 4* CANICO НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК

1.085 eur (67270 ден)

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

• Трансфер Скопје-Белград-Скопје
• Повратен авио превоз со компанијата Lufthansa  (Белград – Франкфурт – Мадеира – Франкфурт – Белград)
• 10 ноќевања во хотел со 4* на база појадок
• Трансфер аеродром – хотел – аеродором
• Трошоци за организација на патувањето
• Локален претставник на англиски јазик
• Услуги на водич на српски јазик

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО :

• Аеродормски такси во износ од 110 евра, кои се плаќаат во агенција, (износот на овие такси е подложен на промени, и зависи само од авиокомпанијата)
• Патничко осигурување кое може да го набавите во нашата агенција.
• Лични трошоци
• Факултативни излети

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

• ПЛАЌАЊЕТО СЕ ИЗВРШУВА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕВРО=62 ден. Во случај на промена на монетарниот пазар или пазарот на роба и услуги, агенцијата го задржува правото за корекција на цената, неплатениот дел е подлежен на промени (валутна клаузула). При резервацијата патниците може да го уплатат целокупниот износ на патувањето со што цената е загарантирана.
• Готовинско плаќање: 40% при резервацијата, остатокот се плаќа 15 дена пред почетокот на аранжманот
• За целосна уплата, важат истите услови како и за плаќањето во готовина.
• Плаќање на трансакциска сметка: уплата на вирман во рок од 2 дена од издавањето на профактурата
• Кредит: Агенцијата издава профактура на клиентот на основа врз која се одобрува кредит од страна на банката каде што клиентот има отворена сметка.
• НАПОМЕНА: Аеродромските такси и авио билетите не спаѓаат во можноста за одложено плаќање на аранжманот.

ХОТЕЛИ

DOM PEDRO BAIA 4* MACHICO https://madeira.dompedro.com/pt/
Локација: Хотелот се наоѓа на плажата Мачико. Од аеродромот е оддалечен околу 10 km.
Сместување: Сите соби содржат: WiFi, TV, сеф, мини бар, клима, телефон, фен.
Содржини: Отворен базен со солена вода, детски базен, терен за одбојка, голф, бадминтон.

FOUR VIEWS OASIS 4* CANICO http://www.fourviewshotels.com/four-views-oasis/sobre-o-hotel/
Локација: Хотелот се наоѓа на плажа. Од аеродромот е оддалечен околу 8km.
Сместување: Сите соби содржат: WiFi, LCD TV, мини бар, клима, телефон, фен , тераса со маса и столици.
Содржини: Два ресторани, два бара, затворен и отворен базен, салон за убавина, сауна, џакузи.

НАПОМЕНА ЗА ХОТЕЛИ:  Хотелот е должен на гостите да им ги пружи само услугите кои се назначени на ваучерот со кој гостинот се пријавува при пристигнување во хотелот. За деца има попуст само доколку патуваат заедно со двајца коишто ја плаќаат целосната сума. Категоризацијата на хотелите е локална. Сите посебни трошоци (кои што не се вклучени во програмата), како и евентуални штети во хотелот се плаќаат директно на рецепцијата на хотелот. Во согласност со меѓународните прописи на хотелот, пријавувањето во хотелот на првиот ден е по 14 часот, додека на последниот ден, хотелот се напушта најдоцна до 10 часот. Постои код на облекување за време на оброците во сите хотели (забранет е влез во костим за капење, шорцеви и сл.), формален начин на облекување. Организаторот на патувањето има влијание за позицијата на собите и големината на креветите.
ДЕПОЗИТ: Во некои хотели, за време на пријавувањето (check-in), се остава депозит кој што може да биде готовински или со кредитна картица. При одјава од хотелот (check-out) депозитот се враќа. Истиот може да биде намален поради индивидуални трошоци во хотелот, доколку ги имало. Организаторот на патувањето нема влијание врз постоењето и висината на депозитот.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

• Резервацијата е загарантирана откако ќе биде уплатена аконтацијата.
• Потврдата на резервацијата е најдоцна 48 часа од уплатата (во работни денови)
• Патниците се должни да ја проверат валидноста на своите патни исправи (пасошот мора да има важност од минимум 6 месеци од враќањето назад)
• КРАЕН РОК ЗА ИСВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ НА АРАНЖМАНОТ  ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА Е 5 РАБОТНИ ДЕНОВИ ПРЕД ТРГНУВАЊЕ, ПОРАДИ ПРЕБУКИРАНОСТ НА ХОТЕЛИТЕ.  ВО ТОЈ СЛУЧАЈ ОРГАНИЗАТОРОТ Е ДОЛЖЕН ДА ПОНУДИ АЛТЕРНАТИВНО СМЕСТУВАЊЕЈ ВО ДРУГ ОБЈЕКТ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА И ЦЕНА.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ: (цената е дадена врз база на минимум 20 пријавени патници)

ГРАДОТ ФУНШАЛ И БОТАНИЧКАТА ГРАДИНА (полудневен излет) – 30 eur по лице
Посета на градскиот пазар, каде покрај цвеќе, може да се види голем избор на риби, зеленчуци и егзотични плодови. Исто така, ќе ја посетиме и фабриката за рачни изработки, а крајот на обиколката нè чека прекрасна ботаничка градина каде што се наоѓаат растенија од целиот свет и разни ендемични примероци, повеќе од 2000 различни видови! Ќе посетиме еден вински подрум и ќе го пробаме познатото вино од Мадеира.

EIRA DO SERRADO-MONTE (полудневен излет) – 45 eur по лице
Посета на Пико дос Barcelos каде ќе уживате во прекрасниот поглед на заливот и планинските врвови. Возење низ шумите од еукалиптус и запирање на најубавите панорамски точки со поглед кон “долината на монахињите” – Cural des Freiras, местото каде тие во 16 век се криеле од пирати. Застанување во селото Монте, шест километри од центарот на градот, каде што во црквата Носа Сенхора да Монте се наоѓа гробот на последниот хабзбуршки владетел Карл, кој по распадот на Австро-Унгарското царство абдицирал и побарал азил на Мадеира, каде и умрел.

ЗАПАДНА МАДЕИРА – PORTO MONIZ (целодневен излет со вклучен ручек) – 78 eur по лице
Екскурзијата започнува рано наутро со возење по западниот брег. Прва станица е Câmara de Lobos, мало рибарско село познато по сликите на Винстон Черчил, а потоа одиме до клифот Cabo Girão, втор по височина во светот, поминувајќи низ плантажи со банани и виногради. Го напуштаме брегот и тргнуваме кон север до прекрасната долина Serra De Agua. Потоа доаѓаме до најубавиот дел на западниот брег, каде што можеме да уживаме во прекрасните водопади. Продолжуване кон селото Порто Мониз, познато по вулканските базени од црна лава. Пауза за ручек. По ручекот, враќање во Фуншал.

ИСТОЧНА МАДЕИРА – SANTANA (целодневен излет со вклучен ручек) – 85 eur по лице
Излетот започнува со посета на селото Camacha, познато како центар на плетењето. Потоа одиме на планината Pico do Arieiro (1810 метри), втор по височина врв на островот, каде што погледот на околните планини, врвови и долини го одзема здивот. Од планинскиот врв се спуштаме до познатиот парк на природата – Ribeiro Frio. Излетот продолжува кон Сантана, позната по живописните куќарки, каде ќе направиме пауза за ручек. Пред да се вратиме во Фуншал, ќе го посетиме градот Мачико, местото каде португалците за прв пат дошле на овој остров во 1419 година.

НОЌ СО ДОМАШНА МУЗИКА И ФОЛКЛОР (вчера) – 60 eur по лице
Вечера во ресторан во Фуншал, каде ќе уживате во традиционалната кујна od Мадеира (Espetada). Ќе уживате во слушањето и гледањето на една од најдобрите фолклорни групи од Мадеира. По фолклорот, музичката група ќе свири музика од шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите

ПЛАНИНАРЕЊЕ (ланч пакет вклучен во цената) – 54 eur по лице
Заминување на целодневен излет по “Левада” (пешачка патеки) каде што ќе уживате во авантуристички активности кои не се достапни за разгледување од автомобил.

You can send your inquiry via the form below.