11ти октомври во ПАРИЗ

со ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

06.10-09.10.2017

 

Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шампзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква….Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани.Град на сите уметности и светската мода, незаборавен со многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100км метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш и никого не остава рамнодушен. Проверете  зошто е тоа така…

1 ДЕН (06.10.2017– петок) – СКОПЈЕ – БУВЕ – ПАРИЗ

Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 15:00часот. Полетување за Париз во 17:30 со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air . Пристигање на аеродромот Beauvais во 20.25 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер со автобус до Париз (90 км). Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ДЕН (07.10.2017- сабота)- РАЗГЛЕД НА ПАРИЗ – ЛУВР – ТИУМФАЛНА КАПИЈА

Појадок. По појадокот, се упатуваме на организиран панорамски разглед на Париз во вкупно времетраење од 3-4 часа, ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbona, Louvre, Champs Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalides, Concorde Bastille, Republique, Vendome, Trocadero, Etoilе. По разледот предлагаме факултативна посета со локален водич на еден од најбогатите светски музеи Лувр, кој 700 години бил резиденција на француските кралеви до нивната преселба во Версај, и каде сега е дом на 65,300  уметнички дела меѓу кои познатата Мона Лиза. Потоа, се упатуваме кон најпознатата париска улица – Елисејските полиња, каде ќе имате можност да ја видите  Триумфалната капија. Враќање во хотел со метро.  Ноќевање.

 

3 ДЕН (08.10.2017- недела) –  ВЕРСАЈ – АЈФЕЛОВА КУЛА – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА – МУЛЕН РУЖ

Појадок. По појадокот се упатуваме во факултативна посета со автобус на величенствениот дворец Версај (15 км). Версај е изграден од францускиот крал Луј XIV, кој преставува ремек дело на уметноста од 17-ти век. Враќање назад кон Париз (15 км). Во попладневни часови посета на Ајфеловата кула и можност да уживате во неверојатната панорамска глетка од третиот  спрат на тоа уникатно архитектонско здание . По посетата на Ајфеловата кула предлагаме едночасовно Крстарење по Сена и да пројдете низ многубројните мостови и да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, која програма започнува во 23:00 часот, а може и да прошетате низ познатата  Пигал улица. Ноќевање.

 

4 ДЕН (09.10.2017 – понеделник) – МОНМАРТР – САКРЕ КЕР  – БУВЕ -СКОПЈЕ

Појадок во хотел и одјавување. По појадокот заминување со метро во придружба на нашиот водич до Монмартр, плоштадот на уметниците, потоа ќе можете да ја видете базиликата Sacre Coeur, од која може да имате прекрасен поглед на Париз. Слободно време за индивидуални прошетки до тргнување кон аеродромот со организиран трансфер.Полетување за Скопје 20:55 часот со директен лет на авиокомпанија Wizz Air. Слетување во Скопје во 23:40 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за уплата до 15.09.2017 : 325 € / 20.150 ден.

Доплата за еднокреветна соба 105€/6.510 ден.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Бове – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Голема кабинска торба од 10кг (56x45x25cm)
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во  хотел Ibis la Defense  3* на услуга BB ( ноќевање со појадок )
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси – 3.720 ден.
  • Туристичка такса 1,32 € на ноќ – се плаќа во агенција
  • Патничко осигурување
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро – 14,1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција)

    ФАКУЛТАТИВИ :

    ПАКЕТИ :

      • Панорамски разглед и посета на Лувр – 60 €
      • Посета на Версај, влезница за Ајфелова кула и крстарење по Сена – 80 €

        ЦЕНИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА :

    • Панорамски разглед на Париз со локален водич – 30€
    • Посета на Версај 53 евра (вклучена влезница  за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција,)
    • Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат- 21 €,
    • Крстарење со брод по Сена – 15€
    • Посета на Лувр 35€ (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција, се патува со метро)
    • Посета на Moulin Rouge-115€ (вклучена влезница со резервација на маса  и шампањ),
    • Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација) 

      ЦЕНИ ЗА УПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО :

    • Панорамски разглед на Париз со локален водич – 33 €
    • Посета на Версај 56 евра (вклучена влезница  за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција,)
    • Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат- 23 €,
    • Крстарење со брод по Сена – 18€
    • Посета на Лувр 37€ (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција, се патува со метро)
    • Посета на Moulin Rouge-125€ (вклучена влезница со резервација на маса  и шампањ),

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 12.01.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до 20.09.2017 и минимум пријавени патници за  реализација: 25

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *