1 ден 06.10.2017 Скопје – Пиреа

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 14:30ч. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ден 07.10.2017 Пиреа – Санторини

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30 ч. часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација на факултативните излети. Слободно време. Предлагаме вечерна посета на Фира, можност да уживате на колоритните тераси на Санторини со коктел и уникатен поглед на заливот… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 08.10.2017 Санторини

Појадок. Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на пристаништето Athinos по Калдерата од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини се до новото пристаниште а за време на пловидбата се гледаат градовите Oia (Иа) и Fira (Фира). Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

 

4 ден 09.10.2017 Санторини

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI. Посета на Археолошкиот град Акротири – последните остатоци од минонската цивилизација изумрена пред 3000 години при големата ерупција на вулканот од Санторини. По завршувањето на посетата на археолошкиот град одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на плажата.

Од тука одиме во винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи.

На крај на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи.

Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

 

5 ден 10.10.2017 Скопје

Појадок. Напуштање на собите. Слободно време во градот Фира. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ден 11.10.2017 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.09: 179€/11.000 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€/11.720 ден.

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
  • ноќевања со појадок во хотел со 2*/3* во Камари/Периса
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Вечерна посета на Фира – 10€
  • Full day Santorini – 35€
  • Влезница за вински музеј – 10€
  • Kaldera morning – крстарење со брод  – 30€
  • Жичара или магаре до Фира – 5€
  • Влезница на вулканот – 2€
  • Грчка вечера со музика – 30
  • кабина на брод 6.200 денари
  • авионско седиште на брод 4.000 денари
  • еднокреветна соба 2.000 денари
  • групно патничко осигурување без франшиза – 310 ден.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *