НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – САН РЕМО – МЕНТОН – КАН – АНТИБ – Ст. ТРОПЕ

1.ден:СКОПЈЕ – СОФИЈА – МИЛАНО – НИЦА
Состанок на групата во 02:00 часот пред паркингот на хотел ВИП ( Скопски саем ) заминување кон Софија. Вип трансфер до аеродром во Софија. Лет број FR 6323 на авиокомпанијата Ryan air на релација Софија – Милано. По слетувањето во Милано Вип трансфер до Ница. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.


2-7ден:НИЦА ( АЗУРЕН БРЕГ )
Сместување во Ница на база ноќевање со појадок. За време на Вашиот престој предлагаме факултативни разгледи и посети:
– разглед на Кан и Антиб ( Кан: ќе прошетаме по најголемата улица Кроасета – Авенија на Палмите каде што се наоѓаат најелитните хотели: Карлтон, Хилтон, Мартинез, филмскиот театар …. и Антиб: Музејот на Пикасо, Стариот град, Марината… )
– разглед на Ница: стариот дел на градот, шеталиштето на Англичаните…
– заливот Villefranche-sur-Mer, малото место Ез прочуено по своите фабрики за парфеми. Во парфимеријата Фрагонард ќе ги дознаеме сите тајни за производство на парфеми. Разгледот го продолжуваме кон кнежевината Монако со посета на Палатата, Океанографскиот музеј, Јапонската градина, црквата Св. Никола со гробот на Грејс Кели и Рение III Грималди. Прошетка по патеката на Ф1, посета на салоните од познати марки на автомобили … Вечерта среќата ја пробуваме во казино во Монте Карло…
– Сен Тропе: монденска плажа Памплона позната по многубројните џет сетерски барови, хотелот Byblos, прекрасната марина која плени со многуте луксузни јахти …
– Сан Ремо – градот на канцоната + Ментон познат по својот луксуз и гламур
8 ден: НИЦА – МИЛАНО – СОФИЈА
Во 05:00 часот Вип трансфер на релација Ница – Милано. Со лет бр. FR 6324 на авиокомпанијата Ryan air на релација Милано – Софија. По слетување во Софија трансфер до Скопје.

термини 2017:
Јуни : 25, 27 и 29
Јули : 02, 04, 06, 09, 11, 13, 16, 18, 20, 23, 25, 27 и 30
Август: 01, 03, 06, 08, 10, 13, 15, 17, 20

За уплата до 21 Април 410€
Редовна цена на аранжманот изнесува: 457€

Цената е дадена во евра . Уплатата се врши во денари 1 € = 62 ДЕНАРИ

Уплата – аконтација во висина од 6.000 денари на денот на склучување на договор за патувањето. Остатокот најдоцна 10 дена пред тргнување. Можност за уплата на рати со сите видови VISA, MASTER и MAESTRO картички.

Во цената на аранжманот влезени се следните услуги:
– Вип трансфер на релација Скопје – аеродром Софија – Скопје
– Вип трансфер на релација Милано – Ница – Милано
– Авиобилет на релација Софија – Милано – Софија
– Рачен багаж (1 торба/куфер до 10kg со димензии 55cm x 40cm x 20cm и 1 мала торба со димензии 35cm x 20cm x 20cm)
– сместување во хотел 3*** во Ница на база 7 ноќевање со појадок во двокреветни соби
– водич од агенцијата за време на патувањето и престој во Ница

Во цената на аранжманот не се влезени следните услуги:
– аеродромски такси 30 € по особа ( се уплаќа во агенција при резервација на аранжманот )
– Факултативни ВИП излети и посети: Монако / Монте Карло ( парфимерија Фрагонард, полуостров Кап Ферат ) 20 €, Кан + Антиб 15 €, St. Tropez 40 €, Сан Ремо + Ментон 30€,
– Патничко и здравствено осигурување
– Туристичка такса во Ница: 2€ дневно се плаќа на рецепција во хотел

НАПОМЕНА:ОГРАНИЧЕН БРОЈ ОД 8 ПАТНИЦИ ОД ТЕРМИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *