МИЛАНО

1 ден 06.10.2017 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата во 12:30 часот и поаѓање за Милано во 13:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска иСловенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 07.10.2017 МИЛАНО

Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри… Можност да пробате традиционални италијански специјалитети во некој од локалните ресторани (индивидуално со локален превоз со пртителот на групата). Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 08.10.2017 МИЛАНО

Појадок. После појадокот следи организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе…  Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел… Слободна вечер и можност за прошетка низ центарот на градот. Ноќевање.

4 ден 09.10.2017 ЛУГАНО – КОМО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico…Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со локален превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден 10.10.2017 МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот аутлет шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 11.10.2017 СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во претпладневните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.09: 179€/11.090ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€/11.710 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* – 3 НП (ноќевање со појадок) во Милано или околина
  • Организиран разглед на Милано со локален водич
  • Организиран разглед на Верона
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен излет на Лугано и Комо – 35€
  • Туристичка такса за ноќевање во Милано (3-5€ по ноќ, се плаќа во хотелот)
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување –  5€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Зулу Травел и СКТМ

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени  се минимум од 45 патници

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *