КУБА
12 дена / 9 ноќевања
Латино ритам, пикантна кујна, рајски плажи, волшебни природни убавини…
16.10.2017 – 27.10.2017

Најголемиот и во последно време најпосетуван карипски остров е дел од Големите Антили. Латино ритамот, пикантната кујна, рајските плажи, волшебните природни убавини, непрегледните полиња со шеќерна трска, сочуваните традиции и култура се само дел од оваа сочувана,островска енигма. Една е од најстарите земји на новиот свет, во која историјата ја испишуваа Европа и Африка, а ја открил Кристофер Колумбо, 1942год. убеден дека конечно ја нашол Индија. Во 1818 година, допуштена и е слободна трговија, а во 1889год. по воената интервенција од Америка, стана нејзиниот “Шекерниот остров”. Големите социјални разлики, доведоа до револуција во 1958 год. под водство на Кастро, сеуште актуелен претседател на една од последните комунистички земји.
ВАРАДЕРО – Најпознато Кубанско летувалиште, сместено на северниот дел на островот, оддалечено окулу 130км. oд Хавана. Се протега на 22км. долги, бисерно бели, песочни плажи. Климата е тропска со окулу 330 сончеви денови во текот на годината.

MELIA SOL SIRENAS CORAL 4* AI
Се наоѓа на одлична локација директно на една од најубавите плажи на полуостровот Варадеро. Sol Sirenas е All Inclusive хотел за сите возрасти, кој пружа висок стандард на удобност и услуги, забавна атмосфера а особено е погоден за семејства со деца. Има 660 соби, сите со клима уред, телефон, сателитска ТВ, сеф, купатило и тераса или балкон. Семејни соби и поврзани соби се достапни на барање. Од содржини хотелот има Базен, 2 џакузи, простории за масажа и физиотерапија, 4 тениски игралишта, сауна, ватерполо, сурфање на ветер, катамаран, кајаци, едрилици, нуркање. Продавници, конференциски сали, дневни и ноќни забави, мини клуб.

MELIA VARADERO 5* AI
Хотелот се наоѓа на една од најубавите песочни плажи, а од центарот на градот се наоѓа на околу 12 километри, додека од Хавана на околу 140 километри. Хотелот располага со 490 соби, секоја со бања (туш / WC), фен, клима уред, телевизор, телефон, сеф, мини бар и балкон. Во својот состав покрај главниот ресторан, располга и со 5 a la carte ресторани од областа на нациналната и интернационална кујна. Покрај бројните ресторани гостите можат да уживаат во вкупно 6те барови кои во текот на денот и навечер служат различни видови пијалоци. Од другите содржини хотелот има два отворени базени со хидро масажа работа, фитнес центар, салон за убавина и центар за нуркање за почетници. Спортски ентузијасти да уживаат во голф терените кои се наоѓа во близина на хотелот.

Ценовник

MELIA SOL SIRENAS CORAL 4* AI

Varadero

ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ

 16.10.2017 – 27.10.2017 

УСЛУГИ

AI + BB

НОЌЕВАЊА

8 + 1

Цена по лице во двокреветна соба

1225 

Цена по лице во двокреветна соба за резервација
до 3
0.06.2017

1045 

Доплата за еднокреветна соба

355

Цена за трето возрасно лице или дете на барање

MELIA VARADERO 5* AI

VARADERO

ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ

 16.10.2017 – 27.10.2017 

УСЛУГИ

AI + BB

НОЌЕВАЊА

8 + 1

Цена по лице во двокреветна соба

1395 

Цена по лице во двокреветна соба  за резервација
до 3
0.06.2017

1199 

Доплата за еднокреветна соба

475

Цена за трето возрасно лице или дете на барање

 

 

Цените се во Евра а плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€
Oпштите услови за патување на ZULU TRAVEL и СКТМ се составен дел од овај аранжман

 

Програма на патување

Програма на патување:

1 ДЕН  (16.10.2017 – понеделник)                           СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХАВАНА

Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 18:50 часот. Полетување за Истанбул во 20:55 часот со лет ТК1006. Пристигнување во  Истанбул во 23:30 часот. Полетување за Хавана на 17. Октомври во 01:10 часот со лет ТК183.

2 ДЕН (17.10.2017 – вторник )                    ХАВАНА – ВАРАДЕРО

Пристигнување во Хавана во 07.55 часот (локално време). По завршување на пасосшка и царинска контрола, трансфер до хотелот во Варадеро. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа.

3 – 9 ДЕН (18.10.2017 – 24. 10.2017 среда – вторник)                          ВАРАДЕРО

Престој во хотелот по избор на база “се вклучено“. Слободни денови за капење, сончање и индивидуални активности. Можност за време на престојот во Варадеро да се организираат најразлични факултативни излети (Cayo Lago, Sugar Tour, Jeep Safari…).

10 ДЕН (25.10.2017 среда)          ВАРАДЕРО – ХАВАНА

Појадок. По појадокот со спакувани куфери, групата се упатува кон Хавана, и полудневен разглед на Хавана. Сместување во хотел. Ноќевање

11 ДЕН – 12 ДЕН (26.10.2017 – 27.10.2017 – четврток – петок)                         ХАВАНА– ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и трансфер до аеродром за летот на TK183 во 09:55 со лет за Истанбул. Пристигнување во Истанбул на 27 Октомври во 09:15. Заминување за Скопје со лет ТК 1005 во 19:30, пристигнување во Скопје во 20:00 часот.

 

Забелешки

Цената влучува:

  • Авионски превоз Скопје –Хавана – Скопје
  •  8 + 1  ноќевања во избрнаниот хотел на база на All Inclusive + BB
  • Полудневена екскурзија на Хавана
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Техничко водство / Пратител на групата

Цената не вклучува:

  • Аеродромски такси во висина од 317 еур
  • Излезна такса од Куба (15-25 конвертибилни песози)
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни излети

Забелешки:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена.

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *