Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, поврзан со копното со автопат. Лефкада спаѓа меѓу поголемите острови во Грција. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Највисоката точка на островот е планината Ставрота, која се издига до 1.158 метри надморска височина. Од Лефкада редовно сообраќаат ферибродови до Кефалонија, Итака и Меганиси. Главниот град на островот е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот. Островот е познат е по прекрасните плажи од кои застанува здивот.

 

 

 

Вила ЕВРИДИКИ е лоцирана на 50 метри од плажа во Агиос Никитас. Егремни плажата се наоѓа на 18км од вилата. Плажата Катизма е на 1,8км. Вилата располага со 2 мезонети и 1 апартман со една спална за фамилија од максимум 4 лица (2 возрасни + 2 деца), сите опремени со ТВ, клима (вклучена во цена), бања, комплет опремена кујна и Wi-Fi.

 

 

Вила ЕВРИДИКИ

Агиос Никитас

Датуми на
поаѓање од Скопје
Почеток на аранжманот Бр. на

ноќевања

Наем на 1/4

МЕЗОНЕТА – АПП

02.06.2017 03.06.2017 7 350 €
09.06.2017 10.06.2017 7 400 €
16.06.2017 17.06.2017 7 440 €
23.06.2017 24.06.2017 7 490 €
30.06.2017 01.07.2017 9 650 €
09.07.2017 10.07.2017 9 750 €
18.07.2017 19.07.2017 9 900 €
27.07.2017 28.07.2017 9 900 €
05.08.2017 06.08.2017 9 900 €
14.08.2017 15.08.2017 9 900 €
23.08.2017 24.08.2017 9 900 €
01.09.2017 02.09.2017 7 450 €
08.09.2017 09.09.2017 7 400 €
15.09.2017 16.09.2017 7 350 €
22.09.2017 23.09.2017 7 260 €

 

 

 

НАПОМЕНИ:

– ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА МЕЗОНЕТА / АПАРТМАН ЗА 7 ИЛИ 9 НОЌЕВАЊА.

– Во МЕЗОНЕТИТЕ / АПАРТМАНИТЕ дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.

– Термините во табелата се денови на поѓање од Скопје, аражманот започнува наредниот ден.

– Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 23.00часот, поаѓање во 23.30часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин.

– Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

– Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Сместување во собите е по 14:00часот по локално време, а напуштање на истите е до 09:00часот.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.

– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

– По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

– Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можаe да откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

 

 

Доплата за превоз:

– Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 35€

– деца до 12 години 40 евра / Еден правец 25 евра.

– Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *